Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг

    (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг

    20.05.2026 во 15:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на терен деноноќно работат на локализирање и гаснење на пожарот на депонијата во Радовиш, а локалната власт и надлежните служби постојано се ангажирани со соодветна механизација, реагираат денеска од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш.

    Од партијата го обвинија локалниот СДСМ дека наместо конструктивност, ја користи кризната состојба за собирање ситни политички поени и замајување на јавноста со селективни видеоматеријали.

    Според зборовите на Марија Иванова од ОК Радовиш, крајно нечесно е да се тврди дека институциите не преземаат мерки, кога Јавното комунално претпријатие и Територијалната противпожарна единица се постојано на локацијата.

    „Дополнително, граѓаните се сведоци дека видеата кои се објавуваат од страна на СДС Радовиш, се снимаат токму на самата депонија и во моменти кога активностите на терен се во тек, но намерно се изоставуваат клучните делови каде што механизацијата и екипите интензивно работат. Со ваков селективен приказ повторно се создава искривена слика и се доведуваат граѓаните до заблуда“, изјави Иванова.

    Таа додаде дека повторувањето на ваквите пожари секоја година, како и ланските слични ситуации низ целата држава, отвора сериозни прашања за кои очекуваат институциите целосно да ја утврдат фактичката состојба.

    „Факт е дека пожарите и ваквите појави секоја година се повторуваат. Минатата година гореше речиси цела Македонија, шуми, депонии и отворени површини, а сега повторно сме сведоци на слични ситуации. Сето тоа отвора сериозни сомнежи и прашања дали станува збор за организирани и координирани активности, за што очекуваме институциите целосно да ја утврдат фактичката состојба“, потенцираше таа.

    Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш порачаа дека нивниот приоритет останува заштитата на граѓаните и целосното ставање на состојбата под контрола, најавувајќи навремено и транспарентно информирање.

    На крајот од прес-конференцијата, Иванова упати и јавна благодарност до сите пожарникари по повод нивниот празник, Денот на пожарникарите, за нивната пожртвуваност и деноноќен ангажман на терен.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.