Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во речиси сите европски градови расте бројот на смртни случаи поради жештините
    • ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Над пет години затвор за охриѓанецот кој како лажен доктор зеде 56.000 евра од пензионери во Штип и Виница

    Над пет години затвор за охриѓанецот кој како лажен доктор зеде 56.000 евра од пензионери во Штип и Виница

    20.05.2026 во 14:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот суд во Штип изрече затворска казна од пет години и шест месеци за лицето П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава успеал да измами осум повозрасни граѓани од источниот регион. Обвинетиот ги користел веќе познатите телефонски измами со лажни приказни за сообраќајни несреќи.

    Претседателот на Кривичниот совет и портпарол на штипскиот суд, судијата Сашко Георгиев, ја објави денешната пресуда за продолженото кривично дело измама.

    Георгиев преку писмено соопштение прецизно го објасни начинот на кој оперирал измаменикот во текот на првиот месец од оваа година.

    „На начин што телефонски се јавувал на лица од постара возраст и им прикажувал лажни факти за штетата на својот имот, доведувајќи ги во заблуда и кажувајќи им дека нивната ќерка има скршеница на нога и оти е потребна итна операција и за тоа се потребни пари. Штетата за сите осум оштетени изнесува 3.472 906 денари или околу 56.000 евра, соопшти Георгиев.“

    Судскиот совет донесе одлука дека осуденото лице нема да се брани од слобода додека пресудата не стане конечна.

    Судот одлучи и притворот за лицето П.С. од Охрид да биде продолжен се до правосилноста на пресудата.

    Прочитај повеќе

    Скопје: Се судрија автобус и автомобил

    21.10.2026 во 18:15

    32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 

    21.10.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.