Author: Author 04

Обилните дождови предизвикаа критична состојба во Кичево, каде на улицата „Прилепска“ во тек е евакуација на граѓани од нивните станбени објекти. На терен се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст и локалните комунални служби кои се борат со водната стихија. Покрај Кичево, под вода е и Охрид каде се поплавени десетици подруми, гаражи и дворови. Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во состојба на висок аларм, а кризните штабови се на терен за да ги санираат штетите од излевањата.

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави шокантен план за продажба на до 50 милиони барели венецуелска нафта, по апсењето на Николас Мадуро и неговото префрлање во притвор во Њујорк. Овој потег, кој тежи речиси 2 милијарди долари, јасно укажува на новата реалност во Каракас и воспоставената координација меѓу Вашингтон и новите венецуелски власти. Трамп е дециден: нафтата ќе се продава по пазарна цена, но парите ќе останат под строга американска контрола. Додека Мадуро се соочува со тешки обвиненија за трговија со дрога, Белата куќа веќе ја отвора вратата за американските нафтени гиганти кои се подготвуваат за влез на венецуелскиот пазар.

Повеќе

Вчера околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Србија“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч.(63) од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од М.С.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник С.Р.(23), а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот И.С.(19), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, известија од МВР во дневниот билтен. 

Повеќе

Вчера во 11:45 часот на улица „Архиепископ Михаил“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиja од слобода А.К.(63) од Велес. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, удрил во патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од С.Г.(39) од Велес. При преземање мерки во врска со несреќата, било констатирано дека А.К. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 2,90 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик…

Повеќе

Завчера во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско. При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово присуствуваше на Божествената литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан. Преку својот Фејсбук профил, тој упати порака во која нагласи дека молитвата и заедништвото се клучни потсетници за силата на верата и единството. „Христос се роди! Божиќ е празникот што тивко нè собира околу највредното, семејството. Тој нè потсетува колку е света слогата меѓу најблиските, колку е важно да стоиме еден покрај друг, да се држиме заедно и безрезервно да си бидеме поддршка, и во радост и во искушенија. Божиќ е и најрадосниот празник, празник на…

Повеќе

Подгответе ги топлите облеки – Македонија се наоѓа под влијание на силна циклонска активност која во наредните денови ќе донесе променливо време и значително заладување. Како што информираат од УХМР, поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер утре врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утрово присуствуваше на централната божиќна литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Премиерот, заедно со бројни верници, го одбележа најрадосниот христијански празник, упатувајќи пораки за спокој и семејна среќа. „На православните христијани им го честитам Христовото раѓање, а на сите граѓани им посакувам, пред сè, здравје, среќа и мир во домот“, истакна премиерот Мицкоски во својата празнична порака.

Повеќе

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.К.(31), Б.А.(73) и А.Н.(46), сите од Скопје и М.М.(26) од Берово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Вчера во 21:35 часот на автопатот Гостивар- Тетово, кај с.Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари”  ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р.Турција. Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с.Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с.Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен” со гостиварски регистарски таблици, ставиле гориво и на вработениот му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде…

Повеќе