Close Menu
Press24
    Најново

    Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент

    08.11.2026 во 14:28

    Пијан возач фатен со 1,74 промили: Полицијата му го одзеде „пасатот“

    08.11.2026 во 13:59

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице е тешко повредено, а тројца полесно по судир на „цитроен“ и „фолксваген“

    08.11.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент
    • Пијан возач фатен со 1,74 промили: Полицијата му го одзеде „пасатот“
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице е тешко повредено, а тројца полесно по судир на „цитроен“ и „фолксваген“
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард
    • Тгегедија кај Загреб: Се преврте автобус со српски таблички, загинаа две лица, а повеќе се повредени
    • Филков: ЕК го потврди сработеното – за две години ги поставивме темелите за реформа на правосудството
    • (ВИДЕО) Димитријевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага
    • Физички напад во угостителски објект во Охрид: 19-годишно момче нападнато на кејот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент

    Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради наводни закани со импичмент

    08.11.2026 во 14:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за правда да ги истражи демократите поради, како што тврди, „заканување на многу луѓе“ со импичмент и други казни, оквалификувајќи ги нивните постапки како „кривично дело“, но без да приложи докази.

    Наредбата доаѓа откако демократите остварија убедлива победа над републиканците на меѓуизборите во вторникот и во јануари ќе ја преземат контролата врз Конгресот. Партиските лидери веќе ветија дека ќе го обноват надзорот на законодавната врз извршната власт преку сослушувања и истраги за постапките на администрацијата на Трамп.

    Во својата објава на социјалните мрежи, Трамп ги обвини демократите дека испраќаат „заканувачки писма до многу луѓе, од кои сите се невини“. Членови на Конгресот претходно објавија копии од писма со барања за доставување документи за различни прашања, меѓу кои и донациите од технолошки компании за големата балска сала што Трамп ја гради во Белата куќа.

    Претседателот се повика и на изјава на демократската сенаторка од Мичиген, Елиса Слоткин, дадена минатиот месец на Универзитетот во Чикаго, во која таа предложи Конгресот да ги истражи лицата кои „ги поддржувале политиките на Трамп“.

    „Сакам младите луѓе кои го завршуваат своето образование да се запрашаат: ’Дали треба да одам да работам за администрацијата на Трамп?‘ Сакам да си речат: ’Боже, тоа може да ми донесе куп проблеми што не ги сакам. Затоа можеби ќе избегнам да бидам дел од тоа‘“, изјави тогаш Слоткин, додавајќи дека сака да испрати токму таква предупредувачка порака.

    Нејзината изјава, дадена неколку недели пред изборите, предизвика критики од републиканците. Сенаторот од Јута, Мајк Ли, напиша на социјалните мрежи дека Слоткин им се заканува на младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со политика, на што таа одговори дека Ли ги извртува нејзините зборови и порача: „Поштедете нè од вашето лажно негодување“.

    Министерството за правда веќе ја истражуваше Слоткин, поранешна аналитичарка во Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Таа беше меѓу групата демократски законодавци со искуство во областа на националната безбедност кои беа предмет на истрага по објавувањето видео во кое ги повикаа припадниците на вооружените сили и разузнавачките служби да не извршуваат незаконски наредби на администрацијата, но големата порота тогаш го отфрли барањето за поднесување обвиненија против нив.

    Прочитај повеќе

    Тгегедија кај Загреб: Се преврте автобус со српски таблички, загинаа две лица, а повеќе се повредени

    08.11.2026 во 12:39

    Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени го погоди централниот дел на Јапонија

    08.11.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.