Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче со честитка по повод 24 Мај Македонскиот јазик е рамноправен во ЕУ, идентитетот е потврден и тоа се факти

    Филипче со честитка по повод 24 Мај Македонскиот јазик е рамноправен во ЕУ, идентитетот е потврден и тоа се факти

    24.05.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска го одбележуваме 24 Мај –  Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност, напиша Внеко Филипче.

    „Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и духовно наследство е длабоко поврзано со нашата татковина, со Охрид како еден од најзначајните центри на словенската писменост.

    Со создавањето на глаголицата, а потоа и преку продолжувањето на нивната мисија од страна на нивните следбеници, меѓу кои и Свети Климент Охридски, е создадена кирилицата, која е основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

    Денес кога се шират измислени и лажни  закани за македонскиот јазик и идентитет, важно е да потсетиме дека никој не може да го загрози она што е меѓународно потврдено. Благодарение на државничките одлуки на СДСМ, македонскиот јазик е признат и рамнправен  во Европската Унија. Македонскиот идентитет е потврден. Тоа се факти кои не може да ги избрише ниту една дневнополитичка манипулација.

    Светите Кирил и Методиј нè учеа дека напредокот доаѓа преку знаење, просветителство и отвореност кон светот. Токму затоа нашата обврска денес е да го чуваме и унапредуваме македонскиот јазик, но и да обезбедиме европска иднина за младите генерации.

    Нека е честит и вековит 24 Мај  – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј!“, стои во објавата на Филипче.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.