Author: Author 04

Иако поговорката вели дека спротивностите се привлекуваат, астрологијата предупредува дека за одредени парови тоа е рецепт за вистинска катастрофа. Силната хемија на почетокот честопати е само маска за длабоките разлики кои, со текот на времето, го претвораат љубовното гнездо во бојно поле.Близнаци и Шкорпија Близнаците и Шкорпијата се интензивни, но ова станува главен извор на проблеми. Близнаците сакаат слобода, разновидност и едноставна комуникација, додека Скорпиите бараат длабочина, целосна посветеност и емоционална ексклузивност. Разликите во пристапот кон врската брзо доаѓаат до израз. Близнаците се чувствуваат ограничени од потребата на Скорпијата за контрола, додека Скорпијата ги перцепира Близнаците како несигурни и површни.…

Повеќе

Балканската поп-дива Јелена Карлеуша гостуваше во емисијата кај Јована Јеремиќ, каде за првпат отворено проговори за најмрачните моменти од бракот со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ. Пејачката изнесе фрапантни детали за периодот кога во јавноста протекоа нејзини интимни фотографии, тврдејќи дека наместо поддршка, од сопругот добила морбиден предлог. „Имав две опции – едната беше да си го одземам животот. Тоа ми го посака и ми го предложи ‘прекрасниот’ Душко. За тоа нема оправдување“, изјави низ солзи Карлеуша, додавајќи дека во тој страшен период починала и нејзината мајка Дивна, што дополнително ја скршило нејзината психичка состојба.

Повеќе

Православните верници утре го слават споменот на Светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, првиот кој ја пролеа својата крв за Христовата вера. Како роднина на апостол Павле и прв од седумте ѓакони, Стефан беше столб на мудроста и верата во Ерусалим, поради што стана цел на злобните клевети. Според преданието, во моментот кога неговите мачители го каменувале надвор од градот, неговото лице сјаело како на ангел. Дури и во најголемите маки, тој гледаше во отвореното небо и во славата Божја, додека во далечината Пресвета Богородица и Свети Јован Богослов се молеа за неговата душа. Овој голем светител остана запаметен како првенец…

Повеќе

Драматично невреме денеска го парализираше Истанбул и поголем дел од западна Турција. Поради екстремно силните ветрови кои во одредени делови на метрополата достигнаа брзина од над 100 километри на час, властите беа принудени целосно да го затворат поморскиот сообраќај низ Босфорот. Ситуацијата на терен е алармантна – во квартoт Бахчелиевлер паднато дрво тешко повредило пешак, додека во Бакирќој дрвја ги згмечија паркираните возила. Сите фериботски линии меѓу Азија и Европа се во прекин, а летовите на аеродромот во Истанбул се соочуваат со сериозни доцнења поради намалената видливост и опасните налети на ветерот.

Повеќе

Полицијата во Куманово на 2 јануари го приведе првиот осомничен во случајот кој го потресе регионот. Станува збор за 31-годишен маж кој директно учествувал во уцените врз 16-годишна малолетничка. Истражните органи работат на идентификување на сите членови на групата која со месеци се изживувала со девојчето, пренесе Алсат. Најмалку 17 лица се под лупа на полицијата за вмешаност во организирано сексуално насилство и уцена. Жртвата била уценувана со објавување интимни фотографии доколку не исплати пари или не даде сексуални услуги. За овие кривични дела е предвидена затворска казна до 10 години, а со оглед на тоа што се работи за…

Повеќе

Силното невреме ја фрли Романија во енергетски колапс. Министерот за енергетика, Богдан Иван, соопшти дека дури 11.250 домаќинства во пет окрузи останаа без електрична енергија. На терен се одвива вистинска драма – над 900 специјалисти со тешка механизација, па дури и со моторни санки, се обидуваат да стигнат до дефектите во планинските предели каде патиштата се целосно блокирани. Иако властите ветуваат нормализација до крајот на неделата, стравот расте бидејќи доаѓа уште полошо време. Снежниот бран веќе го парализираше и железничкиот сообраќај, каде возовите доцнат и по пет часа, а Букурешт се соочи со сообраќаен хаос на првиот училишен ден во…

Повеќе

Сериозен инцидент се случи попладнево во 17:35 часот на автопатот кон Велес. Огромен одрон од карпа паднал веднаш по тунелот „Бадар“, зафаќајќи ги двете ленти на автопатот. Иако сообраќајот засега не е во целосен прекин, полицијата и екипите на „Македонија пат“ се на терен и прават напори за расчистување на опасните остатоци. Истовремено, зимата почна да прави проблеми и на границите. Од 18:15 часот воведена е целосна забрана за товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан, поради влошување на временските услови на превојот.

Повеќе

Додека целото внимание беше насочено кон западот, поплавите почнаа да го зафаќаат и Штипско-кочанскиот регион. Кочанска река веќе се излеа кај селото Горни Подлог, каде механизација на КЈП „Водовод“ е на терен. Драматично е и кај селото Грдовци каде Оризарска река излезе од своето корито, а полицијата е принудена да го обезбедува теренот и да го регулира сообраќајот. Зрновска река исто така е излеана пред вливот во Брегалница, додека кај Македонска Каменица екипите на „Македонија пат“ водат битка со одрон кој го блокира патот кон рудникот Саса.Најкритичната точка во охридскиот регион во моментов е населбата Далјан. По излевањето на реката…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 јануари, како при испад на љубомора, ја навредувал и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка, удирајќи ја повеќе пати по главата и телото, а потоа насилно ја исфрлил од својот автомобил, туркајќи ја на бетонот помеѓу столбчињата поставени на коловозната лента. Случаен минувач го пријавил настанот во полиција, а оштетената била пренесена во болница за укажување на лекарска помош. Јавниот обвинител предложи од судијата на претходна…

Повеќе

Поранешниот моќник на ДУИ, Артан Груби, кој повеќе од една година е недостапен за македонските органи на прогонот, конечно е лоциран. Косовската новинска агенција „Косова прес“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Груби вчера попладне бил виден во близина на центарот на Приштина. Според информациите, Груби веќе не личи на политичарот од македонските говорници – сега носи зимска јакна, спортска опрема, шапка и има пуштена брада, веројатно во обид да го прикрие својот идентитет. Тој наводно живее во станбен комплекс недалеку од центарот на косовската престолнина заедно со две деца, додека во Скопје по него сè уште е активна…

Повеќе