Author: Author 04

Европа се бори со леден бран од почетокот на годината. Снегот и мразот го зафатија поголемиот дел од Европа, а температурите значително паднаа под просекот. Јадрото на ледениот воздух се наоѓа на север и североисток од Скандинавија и над Лапонија, каде што температурата падна на -42°C. Брутално е студено низ централна, источна и југоисточна Европа, а ледената воздушна маса навлезе сè до нашето подрачје и подалеку на југ до Медитеранот, и на запад до Алпите. Многу области се обвиткани со снег и мраз. Наврнале повеќе од 30 см снег, а ледените северни ветрови дополнително го зголемуваат чувството на студ. Додека…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б.(35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во текот на 2025 година, пријавениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, со закани дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор- Идризово е пријавено дека околу 12:30 часот при извршен претрес на пакет кој бил наменет за осудено лице А.Н.(39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Ноќеска во 01:26 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 01:05 часот на бензинска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, две лица со закани кон вработениот, се обиделе да одземат пари, но не успеале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 18:40 часот на наплатна станица Преод полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(68) од Струмица, поради тоа што околу 17:50 часот на наплатна станица Миладиновци, откако полициски службеници го сопреле Б.П. кој управувал патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки и се обиделе да го легитимираат, тој го стартувал возилото и удрил полициски службеник, а потоа го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 12:04 часот во ОВР Виница e пријавено дека во с.Блатец околу 11:50 часот настанал пожар во куќа и помошна просторија– работилница, сопственост на М.Д.(70) од истото село. М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Виница е пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош. Од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.

Повеќе

Иако сонцето се појави во делови од земјава, температурите остануваат поларни. Според најновите мерења на УХМР во 16:00 часот, Попова Шапка е најстуденото место во земјата со измерени -11,5 степени. Слична е состојбата и во Крушево каде термометарот во попладневните часови покажа -9,5 степени. Дури и во градските средини студот не попушта. Во Битола и Прилеп во 16 часот се измерени -2,5 степени, додека во Охрид температурата изнесуваше -3,3 степени. Во главниот град, на мерната станица Скопје-Петровец, во 16 часот е измерена температура од само 1,1 степен.

Повеќе

Денеска во Полициската канцеларија Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода П.С.(39) од Богданци. На 11.01.2026 околу 21:00 часот во стан во кој престојувале дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С.(58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети и нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. На 12.01.2026 година во 07:05 часот во Полициската канцеларија Богданци П.С. сам го пријавил делото. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното…

Повеќе

Сопственикот на луксузниот бар во Кран Монтана, каде во стравичен пожар живи изгореа 40 лица, доби мерка притвор од три месеци. Истрагата открива морбидни детали – сопственикот признал пред истражителите дека помошната врата, која можела да спаси десетици животи, била заклучена одвнатре во моментот на несреќата. Двојката која стои зад менаџирањето на објектот сега се соочува со тешки обвиненија за „убиство од небрежност“ и предизвикување општа опасност. Додека швајцарската јавност е во шок, судот смета дека постои опасност од бегство или влијание врз сведоци, поради што сопственикот веднаш е спроведен во истражен затвор.

Повеќе

По неколку месеци вртоглави цени кои го празнеа џебот на македонскиот потрошувач, од денес јајцата во маркетите се продаваат по значително пониски цени. Вредноста е вратена на нивото пред големиот ценовен шок од ноември минатата година, кога цените пораснаа за рекордни 30 проценти. Во дел од поголемите маркети, цената за една табла од 30 јајца е намалена за 60 до 80 денари, што претставува сериозно олеснување за семејниот буџет. Добавувачите најавуваат дека овој бран на ревидирање на цените ќе продолжи и во наредните денови кај сите трговци на мало.

Повеќе