Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп ги заострува правилата за „Зелена карта“: Аплицирањето за постојан престој во САД веќе нема да биде можно од американска територија

    Трамп ги заострува правилата за „Зелена карта“: Аплицирањето за постојан престој во САД веќе нема да биде можно од американска територија

    23.05.2026 во 12:511 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Странските државјани кои планираат да аплицираат за американска „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја започнат целата процедура надвор од територијата на САД, пренесува агенцијата ДПА.

    Ова е одлука на Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС), согласно новите правила на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

    Според новото правило, секој странски државјанин кој привремено престојува во САД ќе мора да се врати во својата матична земја за да поднесе барање, освен во вонредни и исклучителни околности.

    Досегашната американска пракса им овозможуваше на туристите, студентите и други привремени посетители, под одредени услови да аплицираат за постојан престој додека се наоѓаат во земјата.

    Медиумите во САД пренесуваат дека повеќе од половина од одобрените „Зелени карти“ на годишно ниво досега се издавале токму преку оваа процедура која сега се укинува.

    Имиграциската служба појаснува дека системот е дизајниран за привремените посетители да ја напуштат земјата по завршувањето на престојот, наместо тоа да го користат како прв чекор за постојан престој.

    Со оваа промена надлежните очекуваат да се ослободат ресурси кои ќе се насочат кон обработка на визи за жртви на криминал, трговија со луѓе и барања за натурализација.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.