- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Србија конечно излегува од тешкиот енергетски период откако министерката за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска соопшти дека по речиси 100 дена прекин, утре наутро (вторник) започнува испораката на првите 85.000 тони сурова нафта преку нафтоводот ЈАНАФ. По долги преговори и добивањето на потребните лиценци, Рафинеријата во Панчево се подготвува за рестарт. Според најавите, производствените капацитети треба да започнат со работа околу 16 јануари. „Државата успеа да го снабди пазарот без проблеми и покрај сите тешкотии“, истакна министерката, нагласувајќи дека веќе следната недела се очекуваат дополнителни 45.000 тони нафта.
Демократрската Унија за Интеграција, ја информира јавноста дека денес, Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ја свика втората седница на Претседателството на Генералниот Совет. „На оваа седница се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за прашања поврзани со внатрешното партиско организирање и функционирањето на структурите на ДУИ. Исто така, Претседателството на Генералниот совет разговараше и за состанокот на политичките лидери, при што беше одлучено прашањето за учество или неучество на овој состанок да се разгледа и да се донесе одлука утре, на редовната седница на Генералниот совет. На оваа седница, претседателот Али Ахмети го информираше Претседателството и за…
Франција и официјално ја започна масовната програма за новововедениот воен рок, нудејќи им на младите шанса да станат дел од воената моќ на земјата. Сите заинтересирани на возраст од 18 до 25 години веќе можат да аплицираат онлајн или во регионалните центри за копнената војска, воздухопловството или морнарицата. Програмата нуди атрактивни услови – месечен надомест од 800 евра за доброволците кои ќе се одлучат да поминат десет месеци во униформа. Првата фаза вклучува едномесечна интензивна основна обука, по што следуваат девет месеци во воена единица каде регрутите ќе ги извршуваат истите задачи како и професионалните војници.
Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги искористи сите расположливи средства за заштита на американските интереси, вклучувајќи ја и воената сила. Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денеска јасно порача дека претседателот не се двоуми да нареди воени операции доколку процени дека е потребно. „Претседателот Трамп секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади се само една од многуте варијанти“, истакна Ливит. Таа додаде дека иако дипломатијата е секогаш прв избор, светот – а особено Иран – треба да знае дека Вашингтон нема да се повлече од употреба на воена сила доколку ситуацијата го бара тоа.
Шокантно убиство ја потресе Корзика откако познатиот политичар и поранешен прв човек на фудбалскиот клуб Ајачо, Ален Орсони (71), беше убиен во понеделникот. Нападот се случил во неговото родно село Веро, и тоа во најтрагичниот можен момент – за време на погребната церемонија на неговата мајка. Обвинителот Николас Септе веднаш отвори истрага, а во случајот е вклучен и специјалниот суд во Марсеј. Ова е крај на бурниот живот на Орсони, кој со децении беше клучна фигура во корзиканското националистичко движење, преживувајќи атентати и години во егзил низ Америка и Европа.
Балканската фолк-ѕвезда Аца Лукас се најде во центарот на вистински трилер на планината Јахорина. Пејачот преку својот Инстаграм профил ја шокираше јавноста со тврдење дека синоќа бил мета на брутален напад во кој некој се обидел да му го одземе животот нему и на неговиот возач. „Се обидоа да ме убијат мене и мојот возач. Едвај се спасивме живи“, напиша Лукас во објавата која за неколку минути ги запали социјалните мрежи. По овој инцидент, неговиот најавен настап на планината е итно откажан од страна на организаторите, а фановите се во страв за безбедноста на својот идол.
На 11/12.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Д.(20) и М.Б.(28), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Полицијата во Сарвар уапси млад човек осомничен дека пред неколку дена, заедно со соучесник, украл паркиран автомобил со вклучен мотор во Сомбатељ, во кој во тој момент внатре било и петгодишно момче. Како што е објавено на официјалната веб-страница на унгарската полиција, на 10 јануари, за време на редовна проверка во Сарвар, патролата го проверила идентитетот на младиот човек за кого Кривичниот оддел на Полициската управа на Ѓер веќе издал потерница. За време на претресот, полицајците го пронашле клучот од автомобил Ауди во џебот од неговите панталони. Набрзо било утврдено дека младиот човек не бил сопственик на возилото, ниту го…
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Е.К.(47) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 03.01.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола.
Иако сме среде зима, подготовките за новата туристичка сезона во Хрватска веќе започнаа, а со нив и добро познатите измами. Словенечкиот портал Siol.net упати сериозно предупредување до сите туристи кои веќе бараат сместување на Јадранот, нагласувајќи дека лажните станодавци се поактивни од кога било. Според извештајот, измамниците користат украдени фотографии од луксузни вили и нудат нереално ниски цени за да привлечат невнимателни гости. Проблемот стана толку сериозен што во Фејсбук групите за „Црна листа“ веќе се појавија примери за веб-страници кои нудат вили што воопшто не постојат или се преземени од легални платформи како Booking.com.
