- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се зголемија малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се промени. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 0,668 ден/кг и сега изнесува 32,133 ден/кг. Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50…
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство. Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. – Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот…
Утрово целата земја е под влијание на многу ниски температури. Најстудено во 7 часот беше во Берово со измерени -12 степени, по што следат Крива Паланка со -11 и Демир Капија, Крушево и Попова Шапка со -10 степени. Ниски температури од -9 степени се регистрирани во Битола, Прилеп, Тетово, Маврови Анови и Скопје (Петровец). Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор се измерени -8, додека во Куманово, Виница и на Зајчев Рид во Скопје температурата се спушти до -7 степени. Најтопло, но сепак под нулата, беше во Гевгелија со -5 степени. Покрај студот, УХМР извести и за висината на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување на високи трговски бариери за земјите кои одржуваат економски врски со Иран. Според неговата изјава, секоја држава што „соработува со Исламската Република Иран“ ќе се соочи со итна царина од 25%. „Секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе плати царина од 25%, која ќе стапи на сила веднаш“, изјави Трамп. Засега нема подетални информации за тоа како технички ќе се спроведува оваа мерка. Претседателот на САД не прецизираше дали царините ќе се однесуваат на сите сектори или само на одредени видови трговска размена. Овој потег доаѓа во период на екстремно затегнати односи…
Македонската културна и медиумска јавност денеска е во шок по веста за смртта на младиот охридски снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев. Тој го загуби животот на 28-годишна возраст во несреќен случај во објект во изградба. Љушев се сметаше за еден од најперспективните визуелни уметници од новата генерација. Во неговото богато портфолио се вбројуваат бројни комерцијални реклами, музички спотови и документарни филмови. Неговиот специфичен визуелен израз го направи еден од најбараните млади автори во државата. Неговата работа е потпишана на видеозаписите на изведувачи како Александар Јосифоски, Мартин Милески, Влатко Броз, групата „Марама“ и многу други. Покрај естрадните соработки, тој беше…
Врз основа на официјалните податоци за измерените температури во 22:00 часот (21:00 UTC) на 12.01.2026, Македонија ја зафати екстремен студ со температури кои во речиси сите градови се длабоко под нулата. Најниска температура е измерена во Крива Паланка, каде живата се спушти до ледени -10.0°C. Веднаш по неа следат планинските центри и градовите на истокот:
Велес веќе четврта недела е под силен удар на грипот, а ситуацијата кулминираше изминатиов викенд. Портпаролката на Итната медицинска помош, д-р Славица Нешова Пановски, информира дека бројот на пациенти од сите возрасти е драстично зголемен, што создава огромен притисок врз службата која работи со намален број вработени. Бидејќи матичните лекари не работат за време на викендот, граѓаните масовно бараат спас во Итната служба. Симптомите се тешки: екстремно висока температура која не паѓа со денови, силни болки во коските и мускулите, кашлица и општа изнемоштеност. Лекарите едвај успеваат да одговорат на сите повици, вклучувајќи ги и бројните барања за домашни посети…
Иранските власти го подигнаа притисокот врз сопствениот народ на едно ново, дигитално ниво. Жителите на Техеран денеска беа вознемирени од масовни СМС пораки испратени директно од полицијата, во кои со застрашувачки тон се предупредуваат родителите да не им дозволуваат на своите деца да излегуваат на улиците. „Семејствата силно се советуваат да водат сметка за својата младина. Донесена е цврста одлука да не се толерира никакво смирување и одлучно да се пресметаме со бунтовниците“, стои во пораката пренесена од светските медиуми. Овој потег се толкува како последен обид на режимот да ги спречи масовните протести преку всадување страв кај родителите за…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 17-годишник од село Требош, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 12.05.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР.
Најмоќната ирачка милиција поддржана од Иран, „Катаиб Хезболах“, денеска упати застрашувачко предупредување до Соединетите Американски Држави. Во време на ескалација на тензиите во регионот, Бригадите на Хезболах порачаа дека секој обид за конфликт со Техеран ќе заврши катастрофално за американските сили. „Војна против Иран не е пикник, туку оган кој ако се запали, нема да згасне додека вашите носови не бидат во кал“, се вели во соопштението на милицијата. Тие упатија директна порака до Доналд Трамп, нарекувајќи го „алчен господар“, и предупредија дека цената што САД ќе ја платат за евентуална воена авантура ќе биде двојно поголема од кој било…
