- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
Author: Author 04
Граничниот премин Евзони денеска повторно ќе биде под блокада како дел од протестите на грчките земјоделци. Попладнево сообраќајот меѓу Македонија и Грција ќе биде во прекин неколку часа, што се очекува да создаде долги колони возила. Блокадата се однесува на сите видови сообраќај, без исклучоци за патнички или товарни возила. „Земјоделците најавуваат дека протестите ќе продолжат и во наредните денови доколку не добијат конкретни одговори и решенија од владата“, пренесуваат медиумите од терен. На патниците им се препорачува да ја прилагодат својата насока на движење или да ги користат алтернативните премини, со оглед на тоа што прекинот на Евзони е…
САД спроведоа дејствија поради криминални активности со дрога во Венецуела каде цел беше Николас Мадуро, велат од СДСМ. „Пред оваа акција на САД кои беа политичарите и единствените земји во Европа кои го поддржуваа и развиваа соработка со Мадуро? Тоа се блиските пријатели на Мицкоски, да не речеме негови деловни партнери: Орбан во Унгарија и Вучиќ во Србија. Вучиќ најавуваше блиска соработка со Маудуро пред само неколку месеци а Унгарија со Орбан на чело беше негов поддржувач. Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Освен што сите политики им се исти, освен…
Македонија денеска се наоѓа под влијание на променлива облачност која ќе донесе повремени локални врнежи од дожд. Според синоптичарите, денешниот ден ќе го одбележи и умерен до засилен ветер кој ќе дува од јужен правец. Максималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени, додека во главниот град Скопје се очекува температура до 10 степени со услови за повремен дожд. „Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица“, најавуваат од УХМР. Особена промена…
Македонскиот државјанин Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат по катастрофалниот пожар во познатиот швајцарски зимски центар Кран Монтана, е пронајден мртов, пренесе Фокус. Потрагата по Ивановски започна веднаш по избувнувањето на пожарот во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation), кога неговото семејство и пријателите упатија итен апел за каква било информација. Пожарот, кој ја потресе Швајцарија за време на новогодишната ноќ, однесе десетици животи и остави над стотина повредени. По повод трагедијата се огласија и од дипломатското претставништво во земјава. „На Нова Година, Швајцарија се разбуди со катастрофалната вест за пожар во бар во Кранс-Монтана, во кој загинаа неколку десетици…
По тридневната пауза поради празниците, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони. Според најавите, преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време. Протестите на земјоделците од северна Грција денеска се интензивираа и со протестен марш низ градот Килкис (Кукуш). Таму тие симболично фрлија сено и памук пред канцеларијата на потпретседателот на Парламентот, Јоргос Георгадас, незадоволни што тој одбил да се сретне со нив. За утре во близина на Солун е закажан голем состанок на претставници од цела Грција, каде ќе…
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во близина на локацијата позната како „Антена“, пријавен е изгубен планинар, соопштија од ЦУК. „Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот телефон бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех. Случајот е пријавен во СВР Битола и во Национален парк Пелистер – Битола, по што екипи веднаш се упатени на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот. Остварен е контакт со директорот на Националниот парк Пелистер, кој…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година ќе се инвестира во три водоснабдителни системи, односно станува збор за проектите Страиште, Пепелиште и Лисиче. Инвестицијата е околу 80 милиони евра, а е наменета за 80.000 домаќинства. Во одговорот на новинарско прашање премиерот Мицкоски наведува дека станува збор за проект финансиран од германската КФ банка. Посочи и дека оваа инвестиција била заглавена, бидејќи, како што рече, претходната влада сакала да наметне свое кадровско решение. – Откако беше заглавено, затоа што претходната влада сакала да наметне кадровско решение кое ќе ја води таа институција, па било сопрено финансирањето,…
Вчера во 23:30 во СВР Скопје, 42-годишната О.Ј. од Велес, со престој во Скопје и Д.П.(29) од Скопје пријавиле дека околу 18:35 часот на подрачјето на Карпош биле нападнати од куче со сопственичка, кое ги нападнало нив и нивните миленици. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а бил извршен службен разговор со сопственичката на кучето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една на локалниот пат Пирок – Боговиње, една на патот Тетово – село Требош. За една од сообраќајните незгоди не е побаран увид. Од БПС – Гостивар се пријавени вкупно 15…
Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Драчево е пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ц.(19) од Скопје. Според пријавеното, околу 19:45 чaсот кај место викано „Пеленица“ во населба Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.И.(20) од Скопје, кој употребил и тврд предмет, информираа од МВР во дневниот билтен.
