Author: Author 04

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (вторник, 13-ти јануари), без електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини. Според најавите, прекини ќе има на следните локации:

Повеќе

Градоначалникот Горан Герасимовски на средба со Здружението на пензионери на Општина Центар информираше за проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани во локалната самоуправа во 2026 година „Во Буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и континуирана грижа”, истакна Герасимовски. Во проектите наменети за пензионерите се опфатени: Сервис за стари лица, Итно копче (24/7 медицинска поддршка), Бесплатен превоз до здравствени установи, Сезонски екскурзии во сите годишни времиња , настанот „Носталгија за…

Повеќе

На 12./13.01.2026 во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес. А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2025 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате…

Повеќе

Два силни земјотреси денес го погодија регионот Емилија-Ромања во Италија, со јачина од 4,3 и 4,1 степени според Рихтеровата скала. Потресите беа почувствувани дури до Тоскана. Во Емилија-Ромања, првиот земјотрес беше почувствуван во 9:27 часот наутро, со јачина од 4,3 степени, со епицентар во Русија (Равена) и длабочина од 22,9 километри. Вториот земјотрес се случи во 9:29 часот наутро, со јачина од 4,1 степени. Епицентарот беше на 8 километри од Фаенца, исто така во областа Равена. Беше почувствуван дури до Фиренца. Луѓето истрчаа на улиците во страв. Земјотресот беше почувствуван и во Форли, Чезена, Римини, Бањакавала, Червија, па дури и…

Повеќе

На лицето Саит Саитов за кој МВР распиша меѓународна потерница од страна на СВР Скопје во 2025 година изречена му е санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување на возило без положен возачки испит. На неговиот татко, од страна на СВР Скопје во 2025 година поднесена му е прекршочна пријава по член 317 став 14 за давање на возило да управува друго лице а лицето да нема положено возачки испит.

Повеќе

Царински службеници на граничен премин Дојран открија и спречија обид за шверц на 5.050 штеки цигари и електронски цигари со вредност од осум милиони денари. Инспектори од Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, го лишија од слобода осомничениот српски државјанин, возач на камионот, против кој е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело „криумчарење“ и за „фалсификување исправа“, казниви по Кривичниот законик. Делото е откриено во неделата вечерта, на излез од граничниот премин Дојран, кога царинските службеници применувајќи напредни оперативни техники и аналитичко расудување при проценка на конкретната состојба на терен, извршија контрола на камионот пријавен како…

Повеќе

Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон интеграција земјата ја води во изолација, велат од СДСМ. „Наблизок соработник на Мицкоски и вицепремиер во неговата Влада е Иван Стоилковиќ, чии отворени проруски ставови и директни врски со Москва се сериозна закана за евроатланската ориентација на земјата. Пред само неколку дена, вицепремиерот Иван Стоилковиќ присуствуваше на прославата на Денот на Република Српска заедно со групата „Ноќни волци“ познати по поддршката на Путин и ширењето анти-западни наративи. Уште полошо од ова е што и самиот премиер Мицкоски, и покрај јавните изјави за стратешка соработка со САД и ЕУ интеграција, со своите постапки и…

Повеќе

Православните верници кои се водат според Јулијанскиот календар, вечерва ја пречекуваат Стара нова година. Празнувањето продолжува утре, на 14 јануари, кога се одбележува празникот Василица, посветен на Свети Василиј Велики. Во домовите ширум земјата традиционално ќе се крши погача со паричка, а се верува дека оној кај кого ќе падне, ќе има среќна и бериќетна година. Свети Василиј Велики се слави како домашна слава, а именден празнуваат сите кои ги носат имињата Васил, Васко, Васе, Васка и слични. „По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија“,…

Повеќе

Овен Утринските часови ве насочуваат кон теми што обично ги туркате на страна. Размислувате подлабоко за доверба, интимност или финансиски договори, и добро е да си дадете време без притисок да донесете одлука веднаш. Интуицијата ви работи прецизно, но бара тишина. Подоцна во денот, чувствувате потреба да излезете од емоционалната длабочина и да се движите. Може да ве привлече идеја за патување, учење или разговор со некој што размислува поинаку од вас. Промената на перспективата ви носи олеснување. Бик Односите се во фокус во првиот дел од денот. Лесно ги чувствувате туѓите емоции и може да дојдете до важен увид…

Повеќе