- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
- Најмалку девет загинати во судир на воз и автобус во Зимбабве
Author: Author 04
Украинскиот главен град Киев преживеа уште една пеколна ноќ под масовен руски оган. Во комбиниран напад со 18 балистички ракети и рекордни 293 дронови „Шахед“, Русија успеа да го остави речиси целиот град без струја и вода, токму во моментите кога температурите се спуштаат до екстремни минус 22 степени. Според државниот оператор „Укренерго“, дури 70% од Киев е во целосен мрак. Покрај главниот град, тешко се погодени и предградијата Буча, Хостомел и Ирпин. Првите експлозии се слушнале околу еден часот по полноќ, а нов бран детонации го потресе градот утрово во 08:30 часот. „Русите се обидуваат да го исклучат градот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Б.(35) од с. Стримница, општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.01.2026 пријавениот во објект на општина Желино им упатувал закани на двајца вработени во општината, откако претходно побарал прием кај градоначалникот, а тој во моментот не се наоѓал во зградата.
Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.„Н“ од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2024 година лицето му понудило нему и на неговиот брат дека може да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била…
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од скопско пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар едно лице насилно го извлекло од неговото возило, му упатувало закани и му го оштетило возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Главната расправа за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која требаше да се одржи утре, е одложена. Причина за одложувањето е изборот на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за членка на Судскиот совет, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје. Јошевска-Анастасовска е бранителка на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Поради нејзината нова функција, на Џаферовски му е потребно време за ангажирање нов адвокат и негово запознавање со обемниот предмет. Процесот за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, се наоѓа во доказна постапка. Сите 35 обвинети досега се изјаснија…
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја лишил од живот сопствената мајка. Во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди,…
Вчера во 19:00 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија е пријавено дека во периодот од 11:00 до 15:00 часот на 12.01.2026, од железен мост на реката Зуица во близина на регионалниот пат Прдејци – Смоквица, со употреба на алат и физичка сила се пресечени и уништени три типа на кабли преку кои се одвива контролата и командите за сигнално – сигурносните уреди за одвивање на железничкиот сообраќај. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(42) од Тетово и Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт „Ски центар Попова Шапка“ – Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.03.2025 на скијачка патека, пријавениот А.А. – вработен во Ски центарот, не укажал на можни последици од неисправност на ски лифтот на лице кое сакало да го користи, при што лицето било удрено и се здобило со повреди.
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување. Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови. -Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина…
Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни. Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk , како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90…
