Author: Author 04

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.Имено 18-годишникот на ул. „Народен фронт“ во Скопје пред три дена око со патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа мерки и активности за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку…

Повеќе

Зеленски рече дека двете страни разговарале за распоредот на активностите за следните две недели, вклучувајќи ги планираните состаноци, подготовката на документите и можното потпишување на договорот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека неговиот преговарачки тим доставил детален извештај за разговорите со американската страна и им наложил на службениците да го финализираат документот за безбедносните гаранции на САД за Украина, кој ќе биде дискутиран на највисоко ниво. Ова беше наведено во неговата изјава на 12 јануари. Распоред на разговорите за следните две неделиЗеленски рече дека двете страни разговарале за распоредот на активностите за следните две недели, вклучувајќи ги планираните состаноци, подготовката…

Повеќе

Вчера во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во времето помеѓу 13:30 и 14:30 часот од железнички мост на Мрзенска река, на место викано „Авлаќ“, на кој се одвива железнички сообраќај, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли во должина од 60 и 12 метри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Поминаа неколку дена од почетокот на новата година, но веќе можеме да видиме каква ќе биде. Оваа година 2026 година носи исклучителни финансиски можности за пет хороскопски знаци, кон кои универзумот ќе биде особено наклонет. Парите ќе изгледаат како да доаѓаат лесно, честопати како резултат на мали секојдневни навики кои ќе направат голема разлика до крајот на годината. Клучот за успех лежи во одржувањето на смирен и оптимистички став кон финансиите, дури и во деновите кога трошоците изгледаат повисоки од приходите. Позитивниот став привлекува изобилство, и додека секој може да го следи овој совет, астролозите нагласуваат дека за овие пет…

Повеќе

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, реплицираше на пратеничката Моника Зајкова на денешната 80 седница на Собранието во рамки на точката за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. ,,Не поддржувам неточна манипулација од оваа говорница, и не поддржувам играње на кратка памет. Вие не сте гласале, кажавте индиректно. Да, точно е тоа, вие не гласавте за кривичниот, не гласаше и Бобан Мојсоски, не гласаше и Маја Морачанин, не гласаше и Ненад Коциќ од СДС. Но сите вие колешке Зајкова, седевте и правевте кворум додека се правеше криминалот нарачен промена на кривичен“, истакна Пренџов. Пренџов нагласи дека учествувале во обезбедување…

Повеќе

Силниот поларни бран што ја зафати Грција предизвика целосен сообраќаен прекин на дел од најголемите грчки острови. Според последните информации, состојбата е најкритична на Крит, Лимнос и Лезбос, каде обилните врнежи од снег буквално ги парализираа патиштата. Локалните власти воведоа целосна забрана за движење на возила без зимска опрема, а на многу места сообраќајот е во тотален прекин поради огромните наноси. Ниту Халкидики не беше поштеден – снежната покривка ги изненади туристите и локалното население, а северните ветрови кои дуваат со голема засиленост дополнително ја отежнуваат работата на комуналните служби кои се обидуваат да ги оспособат главните патни правци.Поради екстремните…

Повеќе

Светот е во шок по информациите дека доверливи податоци на над 17 милиони корисници на Инстаграм се најдоа на црниот пазар. Иако гигантот Мета тврди дека нема пробив во системот, реномираната компанија за сајбер безбедност Malwarebytes алармира дека базата со кориснички имиња, е-пошта и телефонски броеви е веќе понудена на продажба. Според експертите, хакерите искористиле стара ранливост во системот на Инстаграм (API) за да ги извлечат податоците. Токму ова протекување е причината за илјадниците „чудни“ мејлови за ресетирање на лозинка кои корисниците ги добиваа деновиве. Доколку и вие добивте ваков мејл без да го побарате, бидете екстремно внимателни – вашиот…

Повеќе

Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните. ,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева. Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што…

Повеќе

Собранието попладнево едногласно ја поддржа потребата од носење на новиот Кривичен законик, со кој конечно ќе се стави крај на контроверзните измени од септември 2023 година. Овие измени, кои тогашната власт ги донесе под „европско знаменце“, предизвикаа вистински хаос во правдата, дозволувајќи застарување на бројни предмети за висока корупција и злоупотреба на службената должност. Со новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, државата се враќа на патот на строгите казни и европските стандарди, откако дури и Уставниот суд претходно даде рок од шест месеци за промена на законот. Интересно е што дури и пратеничката група на СДСМ, преку координаторот Оливер Спасовски, даде поддршка…

Повеќе

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани. „Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и…

Повеќе