Вчера во 16:20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Џ.Д.(29) од Радовиш.
Претходно, на социјална мрежа бил објавен видео запис во кој се гледа како машко лице пука со пиштол и по преземани мерки било констатирано дека на видеото е С.А.(32) од Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на С.А., при што во соба на неговиот брат Џ.Д. се пронајдени и одземени пушка, гасен пиштол, куршуми за гасен пиштол, куршуми со калибар 7.65 мм и меч со футрола.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
- Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
- Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
- СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
- Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
- Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
- Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
- Студентите бараат 200 денари за оброк

