Close Menu
Press24
    Најново

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06

    Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните

    29.10.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР со предупредување: Денеска невреме со пороен дожд, град и силен ветер над 60 километри на час

    УХМР со предупредување: Денеска невреме со пороен дожд, град и силен ветер над 60 километри на час

    24.05.2026 во 10:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час, најавуваат синоптичарите за денеска.

    Според официјалните информации, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер кој ќе надминува 60 километри на час, а постојат и услови за изолирана појава на град.

    Минималната температура во земјава се очекува да биде во интервал од 9 до 16, додека максималната ќе достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.

    Во Скопје и околината се очекува слично променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

    Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 14 до максимални 26 Целзиусови степени.

    Што се однесува до следните денови, од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во попладневните часови повторно ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

    Прочитај повеќе

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.