Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за Лотарија
    • Фатен бегалец од Идризово
    • Секој 4ти Македонец работи во странска фирма – тие прават над третина од сите пари во Македонија
    • Заменик министерот Димитровски од Софија: Бугари во Устав не е проблем
    • Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
    • Глобален форум за тутун и никотин 2026: Иднината на никотинските производи меѓу науката, регулативата и одржливоста
    • Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Се отвораат можности за нови заеднички проекти со ОН за Скопје

    Ѓорѓиевски на средба со Рита Колумбиа: Се отвораат можности за нови заеднички проекти со ОН за Скопје

    18.05.2026 во 15:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Актуелните градски проекти, рамномерниот развој и соработката со меѓународните институции биле во фокусот на денешната средба во главниот град, соопштија од Град Скопје.

    Имено, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари официјална средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации во земјава, Рита Колумбиа.

    Како што информираше Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи, ова е нивна втора средба на која се отворени неколку клучни прашања за функционирањето на градот.

    „Разговаравме за тековните проекти на Град Скопје, кои се насочени кон рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, истакна тој.

    За време на разговорот со високата претставничка на ОН, станало збор и за енергетската ефикасност на јавните институции и инклузивноста на граѓаните.

    „Отворивме и важни теми, поврзани со поголемо користење обновливи извори на енергија во јавните објекти, како и создавањето услови за еднакви можности за граѓаните со попречености“, додава градоначалникот.

    Освен тековните активности, двајцата соговорници ги лоцирале и идните полиња на кои Град Скопје и Обединетите нации можат заеднички да дејствуваат, пред сè во сфера на социјалниот живот.

    Посебно внимание било посветено на поттикнувањето на волонтерството кај граѓаните, како и на механизмите за поголемо вклучување на младите во процесите и одлуките важни за развојот на градот.

    „Верувам дека ваквата соработка може да донесе конкретни резултати за Скопје како град што се развива рамномерно, одговорно и со грижа за секој граѓанин“, заклучи Орце Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.