Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски за собирот во Куманово: За власта туѓ политички митинг е „братска поддршка“ кога им одговара, а „национална катастрофа“ кога не им одговара

    Жерновски за собирот во Куманово: За власта туѓ политички митинг е „братска поддршка“ кога им одговара, а „национална катастрофа“ кога не им одговара

    19.05.2026 во 11:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот функционер Андреј Жерновски преку статус на социјалните мрежи упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Тимчо Муцунски и владејачката коалиција, обвинувајќи ги за двојни стандарди по одржувањето на политичкиот собир за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ во Куманово.

    „Замислете само што ќе се случеше ако утре во Македонија се организира, на пример, митинг за поддршка на Радев.

    Мицкоски, Муцунски и целата нивна орбановска медиумска мрежа ќе врескаше за „мешање во внатрешни работи“, „загрозен суверенитет“, „национално предавство“ и ќе држеа прес-конференции на секои два часа.

    Ама кога во Куманово јавно се организира политички собир за поддршка на братот Вучиќ- тогаш молк.

    Нема патриотски говори. Нема драматични статуси. Нема осуди. Нема „патриотски“ прес-конференции.

    Ова (пре)молч(ув)ење е најдобар доказ за нивната дволична политика.

    Не е проблем мешањето во политиката на друга држава- проблем им е само кој го прави тоа.

    Но, ајде да побараме разум во нивниот патриотски наратив:

    Ако 3.504 Бугари во нашата држава одеднаш се претставуваат како огромен ризик за државата и народот, тогаш како е можно 35.939 Срби во Македонија да не се никаква закана за македонскиот идентитет, јазик, култура?

    Нема логика, така?

    Ете ја целата манипулација на власта- намерно ширење, и тоа селективно, на лаги и страв.

    Тоа, се разбира, не е ништо друго туку барање изговор за да продолжат со самоизолацијата на Македонија, односно со сопственото блокирање на нашиот европски пат.

    Не станува тука збор за никаква нивна борба за идентитетот, туку за евтина политичка манипулација со емоциите и стравовите на граѓаните..

    Кога им одговара- туѓ политички митинг е „братска поддршка“.

    Кога не им одговара- истото тоа е „национална катастрофа“.

    Ете, толку вреди нивниот патриотизам“, напиша во својата објава Жерновски.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.