Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН носи решенија: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите

    ВЛЕН носи решенија: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите

    19.05.2026 во 12:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВЛЕН на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото.

    „Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство и нивна обврска е да учат, да напредуваат и слободно да го кренат својот глас за сопствените права. Токму затоа, испраќаме јасна и силна порака до јавноста: не смее и нема да дозволиме зад искрените студентски иницијативи да се кријат компромитирани политичари и структури кои се болни за власт и кои преку ноќ станаа „загрижени“ за правата кои самите ги газеа и игнорираа повеќе од две децении. ВЛЕН наоѓа решенија за сите нерешени и наследени проблеми. Тоа го докажавме на дело.

    Студентите протестираа против неправдите кои потекнуваат токму од времето на ДУИ, време кога петмина албански министри за правда не мрднаа со прст за да го решат прашањето на мајчиниот јазик. Тие што со години го стеснуваа здивот на младината, денес нема да ја инструментализираат нејзината иднина за спас на сопствениот капитал.

    Ние не се криеме од проблемите, туку се соочуваме со нив:

    Барањето на албанските студенти за полагање на правосудниот испит на мајчин јазик се решава институционално. На работната средба со Претседателот на Владата постигнат е конкретен договор институциите да изнајдат решение и веќе активно се работи на тоа решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните.

    Студентите побараа правосуден испит, но ВЛЕН самоиницијативно ја мапираше целата соодветна проблематика. Нема да застанеме само тука, веќе работиме на законски решенија со кои сите професионални испити и постдипломски лиценци за работа во земјата ќе им бидат достапни на младите на нивниот мајчин јазик. Наша цел е логичен и праведен систем: тој што студирал на албански, да може на албански да ја добие и својата лиценца за работа.

    Кога ВЛЕН се нафаќа за решавање на наследените проблеми, тие стануваат реалност. Како што по пример, веќе успешно е решено прашањето со стручните медицински испити за лекарите и стоматолозите на мајчин јазик, како што го решивме правото за воспитувачите во градинките, и како што донесовме достоинствени и долгоочекувани решенија за статусот на Медресата и дислокацијата на казината, така брзо и ефикасно ќе ги затвориме и сите преостанати неправди кои со години беа оставени како заложници.

    ВЛЕН продолжува да работи исклучиво во интерес на граѓаните. Наместо деструкција и блокади, младите во нас имаат партнер кој создава еднаквост, достоинство и реална претставеност во институциите. Наша обврска е да создадеме услови во кои младите повеќе нема да имаат потреба да протестираат, туку ќе имаат причини да слават и да ја градат својата иднина дома“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.