Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции

    Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции

    19.05.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива.

    Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални институции, локални власти, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и млади од земјите учеснички во Јадранско-јонскиот регион.

    Во своето воведно обраќање, Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека макро-регионалната соработка денес претставува стратешки инструмент за зајакнување на стабилноста, отпорноста и европската интеграција на регионот.

    „ЕУСАИР не е само регионална платформа за соработка, туку конкретен мост кон постепена европска интеграција. Во време на сериозни геополитички и економски предизвици, на регионот му се потребни повеќе координација, поголема поврзаност и повеќе заеднички инвестиции,“ истакна Сали.

    Тој нагласи дека проширувањето на Европската Унија останува стратешка инвестиција за мирот, стабилноста и просперитетот на Европа, при што земјите од Западен Балкан треба да продолжат да напредуваат на европскиот пат преку кредибилни реформи и регионална соработка.

    Во рамки на Форумот се одржа и Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет/ЕУСАИР, на кој учесничките земји ја усвоија Скопската декларација, со која повторно ја потврдија заложбата за зајакнување на регионалната соработка, поддршката на процесот на проширување и унапредувањето на заедничките европски приоритети.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.