Author: Author 04

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С.(23), Р.Т.(22) и Б.Н.(25), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „изработување, набавување на оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“, „фалсификување на огнено оружје“ и „помагање“. Полициски службеници извршиле претрес кај првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, амфетамин, средства за провалување и различни предмети кои потекнуваат од тешки кражби, пиштоли ЦЗ калибар 9мм, полуавтоматски пиштол, автоматско огнено оружје,…

Повеќе

Турските безбедносни сили зададоа силен удар на Исламска држава, приведувајќи 115 лица кои се осомничени дека планирале крвави напади за време на божиќните и новогодишните прослави. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул денеска соопшти дека операцијата е спроведена по прецизни разузнавачки информации. Според полицијата, цел на терористите требало да бидат локации каде се прославуваат празниците, со посебен акцент на заедниците на немуслимани. Во големата акција извршени се рации на дури 124 локации низ Истанбул, при што е запленето и огнено оружје со муниција. Полицијата сè уште трага по преостанатите осомничени од списокот, додека безбедносните мерки во градот се подигнати на…

Повеќе

Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица, донесе трогателни детали од сведочењето на Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до објектот. Тој пред судот раскажа како со градинарско црево се обидувал да им помогне на заглавените девојчиња кои пискале на решетките од тоалетите. „Ги скршивме прозорците однадвор, на решетките се фатија девојчиња, пискаа… Ги прскав со вода, а тие ми велеа: ‘чичко прскај повеќе, поубаво дишеме’“, сведочеше Николов со видлива вознемиреност. Тој посочи дека дискотеката била „смртоносна стапица“ со заѕидани прозори и преполна со гости. Николов потврди дека претходно го прашал сопственикот…

Повеќе

Зекирја Таири од коалицијата ВЛЕН е новиот пратеник во Собранието кој ќе го пополни испразнетото место на Беким Сали. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница констатираше дека на Сали му престанува мандатот откако вчера беше избран за нов министер за евроинтеграции. Како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, постапката за верификација на мандатот на наредниот кандидат од листата во Изборната единица 1 е веќе спроведена. „Кандидатот Зекирја Таири во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник за остатокот од периодот“, истакна Кондарко. Уверението е веќе подготвено и ќе биде доставено…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во прашањето до премиерот Мицкоски, ги изнесе фактите поврзани со аферата со Алта банка, укажувајќи дека власта наместо да ја каже вистината, ги користи своите методи за дефокусирање и замолчување на секоја критика што доаѓа од опозицијата. „Јасни се релациите со Србија, јасни се релациите со вашата сестринска партија, со СНС, ама со Вучич како да сте браќа, така се однесувате во последно време, таков ПР имате“, рече Филипче. Тој потсети дека аферата со Алта банка беше откриена од СДСМ и нагласи дека станува…

Повеќе

Денес, Муамет Хоџа стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше информиран за тековните состојби, активните проекти и клучните предизвици со кои се соочува ресорот, нагласувајќи дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, транспарентна и отворена комуникација со јавноста, како и целосно усогласување со Европскиот зелен…

Повеќе

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Северна Македонија, на која на дневен ред беа пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговори на прашање поставено од пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кое се однесуваше на реформската агенда на Владата. Премиерот Мицкоски истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, дел од реформските чекори бележат доцнење во реализацијата, при што околу 12 чекори требало да бидат завршени до овој момент. Тој нагласи дека по завршувањето на локалните избори следи целосна мобилизација на Владата и институциите, со динамично следење на сите чекори на интервал од…

Повеќе

Образованието е темел на секое општество, но просветните работници се столбот врз којшто се гради иднината на државата. Токму затоа прашањата за нивниот статус и достоинство мора да биде високо на агендата на секоја одговорна влада. Го поздравувам договорот кој беше постигнат меѓу владата и СОНК, со што се утврди јасна и предвидлива методологија за растот на платите на просветните работници. Ова решение беше позитивно поздравено и од синдикатот, затоа што за прв пат нуди системски решавања, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска на денешната собраниска седница за пратенички прашања, прашувајќи го претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за колкав процент…

Повеќе

Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка. Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари…

Повеќе

Вчера во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје.При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства за кои не поседувале никаква документација, а за кои изјавиле дека припаѓаат на правно лице од Скопје.Подоцна, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред магацинот…

Повеќе