- Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
- Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија
- Муцунски се сретна со британската колешка: Во фокусот – спроведувањето на Договорот Влада со Влада
- Градоначалникот објави видео од промените кои ги реализирал во метрополата
- Приведена битолчанка, нападнала полицајци додека работеле на терен
- Сиљановска-Давкова: Обидот за релативизирање на ветото во ЕУ е позитивен исчекор, нашите пречки се ирационални
- По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
- Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
Author: Author 04
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и дека првата фаза веќе е отпочната. „Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе се обраќа електрична локомотива, електричен воз и 360 милиони денари е вредноста на проектот“, одговори премиерот Мицкоски. Претседателот на Владата истакна дека со трите делници од проектот очекува драстично да се намали користењето на патничките моторни возила. „Првата…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна на темата со откупот на тутунот. Тој посочи дека откупната цена е до сега највисока и затоа и откупувачите и тутунарите се задоволни. „Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу 7 евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку напротив задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата тогаш доаѓаме до некои 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би…
На 03/04.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.С.(48), Ј.А.(26), Е.Р.(21), Х.Д.(21), сите од Скопје, како и М.Б.(24) од с.Орешани, општина Зелениково, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и сина материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Д.(43) и Д.М.(48), двете од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно пријавување кривично дело“ и „затајување“. Двете, вработени во спортска обложубвалница, по претходен меѓусебен договор, на 30.12.2025 во ОВР Струга пријавиле кривично дело „разбојништво“ односно дека во спортската обложувалница каде работеле, наводно влегло машко лице и со закана со пиштол им ги побарал парите од дневниот промет, по што избегал.
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Џ.Л.(32) од Скопје пријави дека за време на новогодишната прослава на подрачјето на Шуто Оризари паднало заталкано зрно од огнено оружје и му оштетило прозорци и ѕид од неговата куќа. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 20:40 часот во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана. При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (04.01.2026) во 02:20 часот с.Инџиково, скопско полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје извршија преглед на Р.С. од с.Гумалево, скопско и на патничкото возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки кое го управувал, при што кај лицето пронајден е кокаин, а во возилото пронајден е пиштол “Застава” М57 калибар 7,62 мм наполнет со рамка со девет куршуми за кој истиот не поседува дозвола. Р.С. е лишен од слобода поради сторено кривично дело по член 396 и член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот. -Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. Тој посочи дека местото е обезбедено и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На небото над Грција има големи проблеми, имено, низ целиот грчки воздушен простор е регистриран значаен проблем, кој се однесува на радиофреквенциите. Бидејќи проблемот трае веќе некое време, Управата за цивилно воздухопловство издаде соодветна директива за воздухопловство за летови во грчкиот FIR. Резултатот е намалување на капацитетот, и додека првично беа обезбедени услуги за летови што веќе беа во воздух, заминувањата сега се практично невозможни, првенствено од најголемиот аеродром во земјата, Елефтериос Венизелос, кој беше најмногу погоден главно поради големиот обем на летови, особено овие денови – но и од регионалните аеродроми, додека летовите што беа во воздух сега се…
Полицијата во Неготино лиши од слобода 36-годишна жена од Демир Капија под сомнение дека извршила семејно насилство. Инцидентот се случил вчера попладне во нивниот заеднички дом. Според информациите од СВР Велес, жената физички го нападнала својот 58-годишен сопруг, по што случајот бил пријавен во полиција. „Вчера попладне во 17 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг“, соопштија од полицијата. За случајот е из известен јавен обвинител, а жената била спроведена во соодветна здравствена установа. По комплетирање на документацијата, полицијата ќе…
