Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дурмиши: Пазарниот инспекторат со 30 тимови врши вонредни контроли во маркетите

    Дурмиши: Пазарниот инспекторат со 30 тимови врши вонредни контроли во маркетите

    15.05.2026 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува интензивни контроли во сите ланци маркети во државата. Доколку се утврди дека има неосновано зголемување на маржите, надлежните ќе преземат соодветни мерки, најави денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

    Според министерот, на терен во моментов се активни 30 инспекциски тимови. Првичните неофицијални информации по првите четири дена од почетокот на надзорите покажуваат дека е забележано одредено поевтинување кај овошјето и зеленчукот.

    Во однос на останатите прехранбени производи, Дурмиши појасни дека во овој момент нема законска основа за интервенција врз цените, но нагласи дека како можна идна мерка се разгледува намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ).

    -Немаме основа по која би постапиле. Ќе ја анализираме ситуацијата до крајот на месецов. Може да го намалиме ДДВ за прехранбените производи. Како што реагиравме во делот на горивата, така може да реагираме и во овој сегмент. Нашите контроли се вршат врз маржите што ги ставаат производителите, трговците и дистрибутерите. Ако видиме дека во вакви услови на криза и неизвесност, се однесуваат девијантно и ги зголемуваат маржите, ќе реагираме со соодветни мерки, како што реагиравме минатиот пат, со административните мерки кои ни се на располагање, истакна министерот.

    Ресорното министерство ја потенцира и увозната зависност на државата како клучен фактор за дефинирање на малопродажните цени на пазарот.

    -Цената на прехранбените производи кои се увозни не ја одредуваме ние, ниту нашите трговци, туку тие земји. Ние контролираме дали е зголемена маржата. Имаме можност, во рамки на Законот, да постапуваме со механизмите кои ни се на располагање ако се зголемува маржата кај производителите, трговците и дистрибутерите, подвлече Дурмиши.

    На прес-конференцијата беше отворено и прашањето за стапката на инфлација, при што министерот направи компарација со моменталните економски показатели во другите европски и регионални држави.

    -Во Романија инфлацијата е 9 отсто, во Бугарија 6,2, во Хрватска 4,6 проценти. Инфлацијата е зголемена, но така е и во други земји. Кај нас инфлацијата е до пет отсто, но, се справуваме и реагираме соодветно. Во таа насока е и денеска објавената мерка за кофинансирање на занаетчиите, малите и средните претпријатија, за зголемување на нивната продуктивност и произвостдво, рече тој.

    Официјалниот извештај со податоци од сите контроли Државниот пазарен инспекторат треба да го достави до Министерството за економија и труд на 20 мај, по што ќе се носат понатамошните одлуки.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.