Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра

    Битиќи: Јавниот долг за две години порасна за 2,5 милијарди евра

    15.05.2026 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавниот долг за само две години е зголемен за 2,5 милијарди евра во апсолутен износ, предупреди поранешниот вицепремиер за економски прашања  и пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

    Битиќи истакна дека јавниот долг не смее да се релативизира и дека е погрешно да се создава перцепција дека задолжувањето не е важно прашање за економската стабилност на државата.

    „Креирана е перцепција дека јавниот долг не е важен. Не, јавниот долг секако е важен“, порача Битиќи.

    Според него, бројките за задолжувањето не се опозициски инсинуации, туку податоци на самата власт.

    „Ова е реалноста, по нивни бројки, не по наши бројки. Заклучно со декември 2023 година, кога ние имавме контрола на јавниот долг, тој изнесуваше 8,5 милијарди евра. Во овој момент, без новиот долг од 260 милиони евра, долгот изнесува 10,8 милијарди евра, а со дополнителното задолжување достигнува 11 милијарди евра“, рече Битиќи.

    Битиќи се осврна и на средствата од унгарскиот кредит, посочувајќи дека граѓаните сè уште немаат јасна слика каде и како се користат тие пари.

    „Само да се потсетиме, 250 милиони евра требаше да отидат во единиците на локалната самоуправа. Досега се платени само 47 милиони евра, затоа што сите договори за испорачување на унгарските пари во инфраструктура се за пет години. Доколку состојбата била навистина добра, секој реализиран инфраструктурен проект би требало да биде исплатен по неговото завршување “, истакна Битиќи и нагласи дека суштинското прашање е: Каде исчезна едната милијарда евра од Унгарија?

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.