Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Планирани нови инвестиции во енергетиката за пониски сметки за струја и поголема независност
    • Давчевски: Кризата во Скопје ескалира, Ѓорѓиевски задоцни со прскањето против комарци
    • ЦУК: Гори во Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид
    • Клековски: Четворица починати од западнонилска треска во Македонија, регистрирани 38 случаи
    • Тепачка со кундак од пиштол и метален предмет во Сингелиќ, повредени неколку лица
    • Митева од „Даре Џамбаз“: Политиката не може да постои без хуманоста
    • Митески: Во Аеродром нема жаришта на комарци, но продолжуваме со превентивните мерки
    • Дел од Автокоманда утре ќе остане четири часа без струја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    Герасимовски: Зголемена паричната помош за новороденчиња во Општина Центар

    15.05.2026 во 09:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.

    По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани.

    Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.

    Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар.

    „Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој  родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

    Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Општина Центар.

    Општина Центар продолжува и со поддршка на повозрасните сограѓани, преку зголемување на еднократната помош за пензионерите на 5.000 денари, како и со низа мерки и активности насочени кон унапредување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

    Прочитај повеќе

    Планирани нови инвестиции во енергетиката за пониски сметки за струја и поголема независност

    19.08.2026 во 14:05

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.