- По трагедијата на Охридското Езеро: Градоначалникот на Струга бара забрана за педалинки и поголема безбедност на плажите
- Вонредно метео-предупредување од УХМР: Невреме во беровско и мавровско, пороен дожд и силен ветер
- Потпишан грант со Светска банка: Започнуваат подготовките за новата гасна централа во РЕК Битола од 200 милиони евра
- Владата го изгласа „One Stop Shop“ со Албанија, прво ќе се применува на Ќафасан
- Измени во законот: Секој граѓанин кај матичниот лекар ќе се изјаснува дали донира органи по смртта
- По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон
- ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски не може да се помири со поразот во Карпош, стана болен кога треба да се соочи со правдата
- Започна да врне во делови од Македонија
Author: Author 04
Македонија во текот на наредниот период ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе променливо време, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Според метеоролозите, се очекува облачно време со повремени локални врнежи од дожд, но и пораст на дневните температури. Поинтензивни врнежи се најавуваат за неколку дена, додека јужниот ветер ќе продолжи да дува со засилен интензитет. „Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец“, се вели во соопштението. Дополнително, од УХМР нагласуваат дека студените утра се зад нас: „Температурите ќе бидат во пораст,…
„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од…
Жител на селото Марена се здобил со тешки телесни повреди додека ги извршувал своите работни задачи во фабрика во Кавадарци. Инцидентот бил пријавен вчера во Општинската општа болница, каде 59-годишниот З.А. бил донесен на укажување лекарска помош. Од Секторот за внатрешни работи – Велес денеска ги потврдија деталите за случајот, нагласувајќи дека полициските службеници веднаш излегле на терен по добиената пријава од здравствената установа. За случајот се известени и надлежните инспекциски служби кои треба да ги утврдат причините за несреќата. „Вчера во 11 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кавадаречката Општа болница со тешка телесна повреда бил…
Ако сте подготвени да се соочите со вистината, ова е моментот за нов почеток – 3 хороскопски знаци претрпуваат силен удар од карма и ги сносат последиците за своите постапки. Колку пати сте се запрашале дали правдата навистина постои и кога оние што им наштетиле на другите конечно ќе ги сносат последиците? Универзумот има свој ритам, а сега е моментот кога сметките се порамнуваат. Не станува збор за одмазда, туку за космичка рамнотежа – лекциите што досега ги игнориравме сега стануваат неизбежни. Ова е време на конфронтација и духовно чистење. Според хороскопот, кога планетите, предводени од строгиот Сатурн, се усогласуваат…
Управата за јавни приходи денеска информира дека во 2025 година во националниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси, што е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Од вкупниот износ, како што посочуваат од УЈП, даночните приходи изнесуваат 2 милијарди и 334 милиони евра, при што е остварен раст од 7,5 проценти, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Нагласуваат дека порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст. -Приходите од ДДВ…
Патнички автобус излета од патот во Нова Пазова, на излезот за Старе Бановци. Според првичните информации, за среќа, нема повредени, но автобусот претрпе значителна материјална штета. По слетувањето, автобусот остана да лежи настрана во канал покрај патот. Во овој момент, деталите за сообраќајната несреќа и како автобусот се нашол надвор од патот не се познати.
Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во регионот на Жагубица, Србија објави Републичкиот сеизмолошки институт. Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил утрово во 4:29 часот. Земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави спровеле успешна воена операција врз Венецуела, при што претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се заробени. Трамп преку својата социјална мрежа потврди дека лидерот на Венецуела веќе е изнесен од земјата. Според наводите на американскиот претседател, во акцијата биле вклучени и органите за спроведување на законот, иако засега не се откриваат детали за тоа кои конкретни агенции учествувале во нападот. Мадуро во САД се соочува со обвиненија за наркотероризам уште од 2020 година. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот на најавеното обраќање на Трамп. „Соединетите Американски Држави успешно спроведоа…
Почитувана СДС, среќни новогодишни и Божиќни празници. Иако се надевавме дека оваа година ќе го смените наративот, вие пак по старите стапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Уште зборат за мигранти кои не постојат, за задолжувања кои не постојат, за дупки во Буџет кои не постојат. Но, знаеме дека на нив уште не им јасно дека ние државата не ја водиме како они што ја водеа. Ако они сакаа да носат мигранти во 2018 година, ние нема да носиме. Ако они го задолжуваа народот и нашите поколенија, ние нема да ги задолжуваме. Ако они го оставија Буџетот со дупки и празен, ние…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза на планирање, а теренските активности со тешка механизација се очекуваат веќе ова лето. Според плановите, целосната двоколосечна пруга од северната до јужната граница треба да биде завршена до 2031 година, но едниот колосек би бил функционален три години порано. Николоски потенцираше дека акцентот во моментов е ставен на квалитетно планирање за да се избегнат доцнењата карактеристични за претходни проекти. Тој информираше и за напредокот на Коридорот 8, каде тимови од Македонија и Бугарија интензивно работат на документацијата за заедничкиот граничен…
