Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
    • Од Дубаи до Македонија: Стефанија Нусеибех носи нов пристап кон дизајнот на ентериери
    • Подгответе ги чадорите: Ќе врне дожд цел ден
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сериозен сајбер напад врз државните институции: Мета биле Владата и министерствата, податоците се безбедни

    Сериозен сајбер напад врз државните институции: Мета биле Владата и министерствата, податоците се безбедни

    22.05.2026 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ информираше дека изминатиот викенд државната инфраструктура била цел на сериозен и софистициран сајбер напад.

    Станува збор за DDoS напад насочен кон веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk, при што преку милиони барања, распределени во подолг временски период, бил направен обид да се предизвика оптоварување и нарушување на достапноста на системите.

    Министерот Андоновски истакна дека институциите навремено ја препознале заканата и реагирале координирано, поради што нападот бил ставен под контрола без да биде нарушена безбедноста на податоците.

    „Напади ќе има. Мора да бидеме будни. Како НАТО членка, мора да се однесуваме со највисока сериозност кога станува збор за заштитата на дигиталната инфраструктура и податоците што се дел од државните системи“, порача министерот Андоновски.

    Според извршените проверки, нема инфилтрирани, украдени или избришани податоци. Државните податоци остануваат заштитени, а нападот не успеал да ги пробие безбедносните механизми поставени за заштита на системите.

    Како превентивна мерка, системот бил привремено ставен во заштитен режим околу 20 минути, со цел да се изврши проверка и скенирање на состојбата. По завршувањето на проверките, системите биле вратени во нормално функционирање.

    Првичните анализи покажуваат дека нападите доаѓале претежно од надвор, преку прокси сервери, со цел прикривање на вистинските траги. Случајот е предаден во Министерството за внатрешни работи, кое ќе ја води понатамошната истрага.

    Андоновски нагласи дека овој напад претставува уште една потврда дека сајбер безбедноста не е само техничко прашање, туку прашање на национална безбедност, институционална зрелост и доверба во дигиталните услуги.

    „Ова беше сериозен тест за системот, но и доказ дека државата гради капацитети за брз, координиран и ефикасен одговор. Сакам да го пофалам тимот на Министерството, владиниот CIRT и сите економски оператори со кои соработуваме. Заканата беше навремено препознаена, координацијата беше брза, а системите беа вратени во нормала“, истакна Андоновски.

    Министерството за дигитална трансформација продолжува со зајакнување на националните капацитети за сајбер безбедност, преку спроведување на Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028, воспоставување јасна законска рамка и развој на институционални механизми за мониторинг, координација и брз одговор на инциденти.

    Сајбер нападите се реалност со која се соочуваат сите модерни држави. Затоа, дигиталната трансформација мора да оди заедно со силна сајбер заштита, подготвени институции и континуирано следење на состојбите во дигиталниот простор.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.