- Започна да врне во делови од Македонија
- Детали за децата пронајдени во бессознание во Куманово – родителите одбиле болничко лекување и токсиколошки анализи
- Апсење на булевар во Прилеп: Маж се шетал среде бел ден со пушка
- Шалтерски работник во прилепската болница фотографирал картичка на пациент и направил 71 онлајн нарачка
- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
Author: Author 04
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот. Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре делови од повеќе општини ќе останат без електрична енергија во различни временски периоди. Без струја од 8 до 14 часот ќе биде дел од селото Ќојлија во општина Петровец. Во општина Студеничани, од 8.30 до 9.30 часот прекин ќе имаат корисниците од селата Драчевица и Цветово, додека во општина Сопиште, од 8.55 до 9.55 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на Горно Соње, Долно Соње, Чифлик и Света Петка. Од 9 до 14 часот прекин е најавен и за дел од улицата „Веле Марков“ во општина Ѓорче Петров, а од 12.30 до 14.30…
На денешната 140-та редовна седница, Владата го усвои Предлог-законот за јавно обвинителство, кој се најавува како клучен дел од реформската агенда за владеење на правото. Со ова решение, државата цели кон зајакнување на независноста и ефикасноста на обвинителскиот систем. Главната новина во законот е промената на постапката за избор на Јавен обвинител на РСМ. Се воведуваат јасно дефинирани критериуми и мерит-систем, со цел процесот да биде ослободен од политички притисоци. „Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет“, велат од Владата. Дополнително, се воведуваат…
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници.Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни.Управата за јавни приходи ги замолува даночните обврзници за разбирање.
Голем дефект во снабдувањето со електрична енергија во тунелот под Ла Манш предизвика целосен колапс во железничкиот сообраќај што ги поврзува Лондон, Париз, Брисел и Амстердам. Меѓународниот оператор „Еуростар“ упати итен апел до граѓаните воопшто да не доаѓаат на станиците и да ги одложат своите патувања. Проблемот настанал поради дефект на надземниот далновод во 50-километарскиот подводен тунел. Ова предизвика серија откажувања на возови, а оние кои сè уште сообраќаат, бележат доцнења од неколку часа. Најкритично е на станицата „Сент Панкрас“ во Лондон, каде и покрај предупредувањата, се создадоа огромни толпи од луѓе кои чекаат информации за своите патувања. Операторот веќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД извршиле напад врз пристаниште во Венецуела, означувајќи ја првата копнена операција од почетокот на воената кампања против трговијата со дрога. Изјавата на Трамп дојде синоќа од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп посочи дека целта била објект кој се користи за товарење на дрога на бродови, нагласувајќи дека по силната експлозија, областа е целосно уништена. „Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа и таа е исчезната“, изјави Трамп. Иако Белата куќа…
Вчера во 19:40 часот во СВР Скопје, И.Д.(64) од с.Рашче, скопско, пријави дека во с.Рашче, додека се превезувале со возило управувано од неговиот син кој бил заедно со неговото семејство, на кровот од возилото паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило. Полициски службеници од СВР Скопје зрното било подигнато за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив со повреда на рака е донесен малолетник. Полициски службеници излегоа на местото и е констатирано дека се работи за осумгодишник од село Врапчиште, гостиварско, кој се здобил со повредите откако во раката му есплодирала петарда. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, тој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(36) од с.Пласница, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачкото право“. На 18.10.2025, пријавениот во својство на претседател на избирачки одбор на гласачко место, за време на гласање во првиот круг од локалните избори на болните и изнемоштените лица, не ја запазил постапката за гласање во домашни услови и овозможил во име на болно лице да гласа неговиот син, и покрај тоа што болниот не бил дома, односно бил хоспитализиран.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(57) од с.Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 29.05.2024 и 31.05.2024, пријавениот во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки и извршил плаќање на фактури со вкупен износ од 84.320 денари за сместување (ноќевање) за него и за учениците од Државниот студентски дом во два хотели во Охрид, без притоа да спроведе постапка за јавна набавка.
