- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
- Падна инспектор од Крива Паланка: Наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода
- Несреќа во штипско: Малолетник паднал од коњ и се здобил со тешки повреди, итно пренесен во Скопје
- Патник се обидел да внесе бомба во авион со тајмер наместен на 15 минути – хорор го потресе светот
- Малолетник паднал со мопед во Тетово, па од болница завршил во полиција
Author: Author 04
СВР Охрид поднесе кривична против Ј.А.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик. На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое Ј.А. вршел нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода. Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна…
Ноќеска во 02:37 часот во ОВР Струга е пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки на локален пат во струшкото село Ливада со повреди по телото бил пронајден Џ.Д.П.(40) од Охрид. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници. Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје. „Ова е петта година по ред, во која во пресрет…
Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција заподдршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе. Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници,. Како знак на благодарност за поддршката на компанијата и беше доделена официјалнаблагодарница од страна на установата. Со донацијата, компанијата уште еднаш ја истакна својата долгогодишна посветеност конзаедницата и одговорното општествено делување.
Судот во Скопје донесе условна пресуда за упадот и насилството во просториите на редакцијата на „Инфомакс“, оценувајќи дека со настанот била загрозена безбедноста на новинарите и директно нападната слободата на изразување и правото на јавноста да биде информирана. Обвинетиот Горан Спасов од Скопје беше прогласен за виновен за кривичните дела насилство и спречување службено лице во вршење службено дејствие. Судот му изрече условна казна затвор од две години, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Покрај условната осуда, на Спасов му е изречен и заштитен надзор во траење од четири години, во…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. Меѓутоа, тој решението го отстранил, а при контрола инспекторите констатирале дека угостителскиот објект и покрај изречената забрана продолжува да работи и во него се присутни гости. Со тоа што…
АД МЕПСО официјално соопшти дека е завршена комплетната реконструкција на 110 kV далековод на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1. По повеќе од половина век, старата и дотраена мрежа со армирано-бетонски столбови е целосно заменета со најсовремена инфраструктура. Клучни карактеристики на новиот далековод: Проектот е дел од стратешкиот план за ревитализација на преносната мрежа, финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Работите на терен ги изведуваше конзорциумот предводен од хрватската компанија „Dalekovod – Загреб“ во периодот од 2023 до 2025 година. По успешно спроведените технички испитувања, далеководот во моментов е пуштен под напон и…
Италијанскиот град Перуџа, поточно областа Сан Систо, стана сцена на брутална пресметка меѓу две групи иселеници од Македонија и Албанија. Она што започнало како банална расправија во локален бар, завршило со тешки повреди и масовни апсења.Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради претходно планирана заседа, туку поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт во барот ескалирал за неколку минути, по што групите излегле на улица вооружени со маси, столици и дрвени палки долги над 60 сантиметри. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани. Инцидентот добил уште подраматичен пресврт кога двајца од учесниците, во обид…
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) ги известува корисниците на пензија дека се завршени сите подготовки за исплата на пензиите за месец декември 2025 година. Поради новогодишниот празник (1 јануари), средствата ќе бидат префрлени до деловните банки на 2 јануари 2026 година. Обезбедени се 9.289.521.686,00 денари за оваа намена. Пензија ќе добијат вкупно 340.156 пензионери. Од ПИОМ нагласуваат дека податоците веќе се доставени до деловните банки, со што се гарантира дека процесот ќе се одвива ефикасно и без доцнење. „Како институција одговорна за социјалната сигурност на пензионерите, Фондот навремено ги заврши сите подготовки за непречена реализација на исплатата“, стои…
Силна експлозија синоќа ја вознемири загрепската населба Трешњевка. Инцидентот се случил на игралиштето на Основното училиште „Јулије Кловиќ“ на Нова цеста, откако била активирана силна пиротехничка направа поврзана со канистер бензин. Загрепската противпожарна служба добила повик во 22:56 часот. Според сведоци, се слушнале два силни удари. Една од жителките изјавила дека од силниот притисок се треселе прозорците на околните згради, а на местото се појавила огнена „печурка“ висока неколку метри. Пожарот предизвикан од експлозијата бил изгаснат од една екипа на пожарникари веднаш по нивното пристигнување. Иако сличен инцидент на истото игралиште беше забележан и минатата година, овојпат силината на детонацијата…
