Вчера во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 34-годишната С.Ч., С.Т.(53), двајцата од Велес и С.Џ.Х.(55) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, на масата на која седеле, користеле дрога.
Полициски службеници ги затекнале лицата пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон нив, а подоцна на масата на која седеле во објектот биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител, а од местото биле подигнати траги и остатоци од прашкастата материја.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
- Куманово: Цели девет месеци силувал дете
- Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
- Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
- Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
- Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
- Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
- Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство

