СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот.
По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
- Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
- Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
- Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
- Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
- Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
- Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
- Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
- ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини

