- Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
- Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
- СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
- Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
- Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
- Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
- Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
- Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
Author: Author 04
Утре Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат поизразени во источните делови на државата. На планините и на повисоките места, врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе останат ниски – минималните ќе се движат од -1 до 6 степени, додека максималните ќе достигнат до 9 степени. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој дополнително ќе го зголеми чувството на студ. Во Скопје утре се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и максимална температура до 6 степени. Врнежите…
Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, соопшти дека по долгогодишна правна битка, македонските судови донеле пресуди во негова корист. Судот утврдил дека одземањето на неговиот безбедносен сертификат и отпуштањето од работа во Агенцијата биле целосно незаконски и политички мотивирани. „Денес ви се обраќам не само како Наќе Чулев, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, туку пред сè како човек и родител кој помина низ години на понижување, клевети и неправда. Со години бев цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт. Незаконски ми беше…
Денеска во СВР Струмица е пријавено дека во езерце лоцирано во Градски парк во Струмица е пронајдена Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот. Лекар од ИМП Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.Од ЦУК сабајлево информираа дека ноќеска во 01:45 часот по полноќ било пријавено дека во езерцето во паркот во Струмица е пронајдено безживотно тело на жена, по што на терен излегле екипи на полицијата и јавен обвинител за да извршат увид на местото на настанот.
Компанијата „Мета“ започна со тестирање на радикален модел кој би можел засекогаш да го промени начинот на кој го користиме Фејсбук. Како што пренесува „Гардијан“, социјалната мрежа експериментира со систем кој го ограничува бројот на бесплатни споделувања на интернет линкови во текот на еден месец. Според овој модел, корисниците би имале одреден „лимит“ на бесплатни објави со надворешни линкови, а доколку сакаат да споделуваат повеќе, ќе мора да платат месечна претплата. Од „Мета“ велат дека ова е дел од стратегијата за борба против спамот и содржините со низок квалитет, но јасно е дека фокусот е ставен на дополнителна монетизација на…
Голем сообраќаен застој попладнево ја парализираше скопската обиколница по сериозна сообраќајна незгода кај Качанички пат. Двете коловозни ленти се целосно блокирани за сообраќај, што предизвика формирање на километарски колони возила. На возачите кои веќе се наоѓаат на оваа делница им се советува трпение, бидејќи движењето се одвива со големи потешкотии. Надлежните служби веќе се на местото на настанот и работат на расчистување на коловозот.
Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра, рече на денешната прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар од редовите на СДСМ. Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, вели Димитријевиќ. „За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се…
Вчера во 11:50 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода М.Џ.(27) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
„Евроинтегративниот процес на Македонија го гледам низ призма да излеземе ние подобри од целиот тој процес, а да не се обезличиме национално“, истакна Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Радио Лидер. Попов се осврна на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека државата заслужува како и сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем. „Сметам дека заслужуваме како сите останати земји, да влегуваме во ЕУ низ мерит систем, односно низ исполнување на оние домашни задачи коишто се зададени од ЕУ. И сметам дека би било крајно неодговорно да влеземе…
Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул.„Никола Карев“ со ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест. Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОвенДенот започнува со чувство дека други луѓе премногу очекуваат од вас. Венера–Нептун создава конфузија во разговорите, ветувањата или взаемните очекувања. Можете да почувствувате дека некој се потпира на вас повеќе отколку што е здраво. Кога Венера ќе влезе во Јарец, фокусот се префрла на кариерата и целите и одеднаш станувате постабилни и појасни. Месечината во Риби бара од вас тивок завршеток на денот. Вие не мора да спасувате никого. БикМожете да почувствувате дека некој во вашиот круг, пријател или колега, е емоционално барачки или дека ви испраќа мешани сигнали. Венера–Нептун ве предупредува да не гледате само идеал, туку и реалност.…
