- МВР: Приведени 15 возачи без дозволи, меѓу нив и тројца малолетници
- Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
- Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште во неготинско
- Пронајдено оставено бебе на клупа во парк во Скопје – полицијата приведе три лица
- Падна инспектор од Крива Паланка: Наредил да се скршат катанците на приватни резервоари за вода
- Несреќа во штипско: Малолетник паднал од коњ и се здобил со тешки повреди, итно пренесен во Скопје
- Патник се обидел да внесе бомба во авион со тајмер наместен на 15 минути – хорор го потресе светот
- Малолетник паднал со мопед во Тетово, па од болница завршил во полиција
Author: Author 04
Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер додека се забавува. Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата…
Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Ф.(36) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, е пронајдена марихуана, а при преглед кај него се пронајдени неколку пакувања со амфетамин. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Доколку денеска планирате патување кон Грција, имајте предвид дека грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на граничниот премин Евзони. Сообраќајот за сите видови возила ќе биде во прекин во два клучни периоди: Добра вест за патниците е најавата дека од утре до петок блокадите привремено ќе бидат прекинати поради новогодишните празници. Земјоделците планираат во сабота да одржат состанок на кој ќе одлучат како ќе ги продолжат протестите во новата година.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски, во интервју за „360 степени“ појасни дека последното зголемување на цената на електричната енергија било неизбежно. Главната причина, според него, е критичната финансиска состојба на државната компанија ЕСМ, која мора да застане на „здрави нозе“. Бислимовски откри дека производната цена на ЕСМ се движи помеѓу 90 и 100 евра за мегават-час, додека на универзалниот снабдувач му ја продава за само 65 евра. „ЕСМ работи со загуби и е стожерна компанија во секторот. За нејзиниот опстанок немаме сценарио Б. Моравме да дадеме шанса за финансиско закрепнување, бидејќи доколку цената останеше на 62…
ОвенМоже да почувствувате дека вашите големи идеи или планови денес одеднаш ви изгледаат некако тешки или неизводливи. Ова не е реалноста, ова е Сатурн што го забавува вашиот ум. Наместо да се разочарувате, дозволете си пауза. Кога ќе се вратите на планот подоцна, ќе го гледате појасно. Денес е ден за ментално растоварување. БикФинансиските или практичните размислувања денес може да се чувствуваат како премногу работа за премалку јасност. Сатурн прави да се сомневате во сопствената проценка, но тоа е привремено. Оставете ја одлуката за утре. Денес најдобро е да направите нешто што ве смирува, умот ќе ви се врати во…
Општина Македонска Каменица новата 2026 година ќе ја пречека во тишина и достоинство. Советот на општината, на вонредна седница, донесе едногласна одлука за прогласување на тридневна жалост на целата територија по повод трагичната смрт на нивната млада сограѓанка, Симона Каранфиловска. Деновите на жалост ќе траат од денеска, 30 декември, па сè до 1 јануари. Поради овој трагичен настан, локалната самоуправа ги откажа сите планирани културни и забавни манифестации за дочекот на Новата година. Знамињата пред јавните институции во градот се спуштени на половина копје во знак на почит кон прерано згаснатиот живот.
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(65) поради сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Имено, денеска во 14:50 часот во СВР Скопје беше пријавено дека на крстосница на ул.”Џон Кенеди”, ул.”Максут Садик” и ул.”Македонска бригада” патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички удрило во дете пешак. Веднаш по пријавата полициски службеници пристигнаа на местото на настанот при што е констатирано дека лицето кое управувало со возилото го оставило возилото и се оддалечило од местото на настанот. По преземени оперативно тактички мерки лицето е пронајдено во непосредна близина и истото лишено од слобода. Повреденото…
Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ, се наведува во соопштението на СДСМ. „Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните. Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми. Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време…
Македонија се разбуди во екстремно ниски температури. Според податоците на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -9 степени, додека Битола, Струмица и скопски Петровец се соочија со -8 степени. Утрински температури по градови: Единствено над нулата се температурите на повисоките места како Маврови Анови (1), Попова Шапка и Крушево (2 степени). Претпладне нè очекува сончево време, но веќе попладне облачноста значително ќе се зголеми. Поради продор на нова, постудена воздушна маса од север, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб локален снег во северните и западните делови од земјата. Во Скопје…
Синоќа, во 22:06 часот, беше регистриран земјотрес кој ги вознемири жителите на охридско-струшкиот регион. Телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија соопшти дека епицентарот потекнува од подрачјето Пештани-Охрид-Струга, лоцирано на околу 103 километри југозападно од Скопје. Детали за земјотресот: Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека според досегашните податоци, нема пријави за материјална штета, освен лесна вознемиреност кај населението во близина на епицентралното подрачје.
