Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост

    (ВИДЕО) Талески: Општините да ги ослободат од плаќање паркинг родителите на деца со попреченост

    18.05.2026 во 13:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за локалната самоуправа, со кој се предвидува општините преку одлуки на своите совети да можат да ги ослободат родителите и старателите на деца со попреченост и аутизам од плаќање надоместок за користење на јавен простор за паркирање.

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, рече дека целта на законското решение е да се создаде „унифицирана законска можност за сите општини во државата“ за олеснување на секојдневието на овие семејства.

    „Потребата од измена на Законот за локална самоуправа произлегува од реалните предизвици со кои се соочуваат семејствата на децата со попреченост и аутизам при секојдневното движење и користење на јавниот простор“, посочи Талевски, додавајќи дека паркирањето во зонските подрачја претставува дополнителен финансиски товар, особено при редовни посети на здравствени, образовни и специјализирани центри.

    Тој појасни дека ваквите категории граѓани во повеќе земји веќе се ослободени од паркинг надоместоци преку законски решенија или одлуки на локалната самоуправа, нагласувајќи дека слични практики постојат и во регионот.

    Талески додаде дека измената ќе придонесе за унапредување на локалните политики и поголема социјална одговорност на општините.

    „Со воспоставување на законска рамка што овозможува еднаков третман на овие категории граѓани низ сите општини, ќе се поттикне поголема кохерентност во локалните социјални политики и ќе се зајакне довербата на граѓаните во институциите“, посочи тој.

    Талевски истакна дека финансиските импликации од предложеното законско решение се минимални, оценувајќи дека бројот на корисници е ограничен и нема значително да влијае врз општинските буџети.

    „Напротив, долгорочните придобивки ќе се манифестираат преку зајакнување на инклузивноста во локалните заедници, подобрување на квалитетот на живот и создавање општество засновано на еднакви можности“, рече Талески.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.