Author: Author 04

Главниот град на Белгија од почетокот на следната година ги заострува правилата за движење во сообраќајот. Регионалната агенција за животна средина соопшти дека од 1 јануари 2026 година, во Брисел се забранува движењето на дизел возила со Еуро 5 стандард и бензински возила со Еуро 2. Забраната не ги заобиколува ниту мотоциклите, каде ограничувањата ќе важат за стандардите Еуро 1 и Еуро 2. Според проценките, оваа мерка ќе погоди околу 33.000 возила, што претставува 7% од вкупниот возен парк во белгиската престолнина. Сопствениците кои ќе ја прекршат забраната двапати во рок од три месеци, ќе се соочат со казна од…

Повеќе

Денешното рочиште во Идризово за пожарот во дискотеката „Пулс“ го одбележа несекојдневна и крајно тензична сцена. Мајката Габриела Наунова, свртувајќи се директно кон обвинетите, јавно ги нарече „убијци на нивните деца“, изјава која беше проследена со громогласен аплауз од сите присутни родители во судницата. Наунова изнесе сериозни тврдења за спрега меѓу локалните власти и сопствениците на дискотеката. Според нејзините зборови, објектот кој работел нелегално бил редовно посетуван од инспектори, полицајци и самиот градоначалник, што кај граѓаните создавало лажна слика за безбедност. „Има докази дека градоначалникот бил чест гостин. Кога ги гледавме нив внатре, никогаш не помисливме дека објектот е нелегален“,…

Повеќе

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале да се расправаат, бидејќи обвинетиот верувал дека неговиот брат сака да го преземе целиот имот. Поттикнат од чувства на гнев и омраза, тој со тапиот метален дел од…

Повеќе

Вистинска драма се случувала денеска во близина на езерото Матка, откако патничко возило излетало од патот и завршило во водите на реката Треска. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека по добиената пријава од МВР, веднаш биле преземени мерки за заштита на лицата и извлекување на возилото. За да се овозможи безбеден увид и акција за извлекување, ЦУК побарал од ХЕЦ „Матка“ итно да се намали испустот на вода од браната. Според официјалните информации од МВР, возилото е успешно извлечено, а за среќа, нема жртви ниту повредени. „Сите инволвирани во настанот се здрави, контактибилни и вон животна опасност“, соопштија…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на денешната обиколка на работите на Дунавскиот коридор кај Голупац, најави дека Србија влегува во период на забрзан економски развој. Тој истакна дека 2025 година била предизвикувачка, но дека веќе од следната година очекува земјата да биде меѓу најуспешните во Европа. „Очекувам стапка на раст од повеќе од три проценти од следната година. Србија ќе биде една од најдобрите земји во Европа“, порача Вучиќ, нагласувајќи дека државата мора да ги заврши сите капитални проекти за да го промени својот лик. Во делот на инфраструктурата, претседателот откри амбициозни планови за железницата. На делницата низ Грделица…

Повеќе

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (28.12.2025) во 18:20 часот во СВР Скопје, Т.Л.(19) од Скопје пријавил дека околу 02:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое работело како обезбедување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (26), Б.С. (33) и И.С.(63), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „спречување службено лице во вршење службено дејствие”.На 26.10.2025, првопријавениот физички ги нападнал неговите малолетни деца и неговата сопруга, а потоа при негово приведување физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Додека, второ и третопријавениот ги спречувале полициските службеници при вршење службените дејствија.

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари. – Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата во здравствениот систем мора да биде апсолутна. Затоа секоја инвестиција тука има посебна тежина и посебна одговорност. Од вкупната површина на клиниката, реновирани се 2 илјади квадратни метри, односно целото приземје кое го опфаќа влезниот хол, поликлиничкиот дел…

Повеќе

Вчера во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Повеќе

Вчера во 03:00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Б.Ј.(34) од Виница. Во 02:33 часот на ул.„Маршал Тито“ во Виница, тој со патничко возило „пежо 508“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 35-годишната В.Х. од с.Јакимово, виничко, која се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Виница. Подоцна, во 05:30 часот, додека бил во полициска станица, Б.Ј. пријавил дека во 02:30 часoт пред угостителски објект на истата улица бил физички нападнат од Д.И. од…

Повеќе