Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    06.11.2026 во 20:24

    Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

    06.11.2026 во 20:01

    Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

    06.11.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони
    • Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола
    • Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем
    • Почина американскиот милијардер и филантроп Дејвид Рокфелер
    • Во понеделник без вода делови од скопска општина
    • За седум часа, санкционирани 43 возачи на камиони во Скопје
    • Зеленски бара двопартиска поддршка од САД: Итно потребни се нови ракети за „Патриот“
    • Пад кај акциите поврзани со вештачка интелигенција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    06.11.2026 во 20:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Алсат, каде говореше за актуелни теми поврзани со Извештајот од Европската комисија, а за кој смета дека е реален приказ на состојбите во земјава, и се осврна на пофалбите и слабостите од истиот.

    ,,По однос на собранието, ние сме задоволни од проценките на овој Извештај, затоа што, прво, се оценува дека Собранието работи ефикасно. Второ, по однос на Реформската агенда, поминавме многу закони коишто беа предвидени во Реформската агенда и гледаме дека тоа е забележано од страна на ЕК. По однос на законите со европско знаменце, ние ги поминуваме на Комисијата за европски прашања со една нормална динамика и тоа што би сакал да го нагласам, во Извештајот категорично пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило методот на европско знаменце за некој закон, којшто е надвор од европската регулатива да го протне како закон којшто му е важен на владејачкото мнозинство“, посочи Милошоски.

    За темата околу Изборниот законик тој кажа дека истиот се споменува како важен, бидејќи е дел од Реформската агенда, но како што вели, за жал, не е постигнат консензус.

    „Според мене, тешко би било да се постигне консензус, затоа што една од главните опозициони партии, во случајов СДС и претседателот на СДС, Венко Филипче, ја одбија поканата на министерот Шасивари да се вратат во работната група и да водиме дијалог за консензуален закон за избори. Мотивите се политички кај претседателот на СДС, Венко Филипче“, рече Милошоски и додаде:

    „Доколку не успееме да постигнеме консензус, веројатно ќе останеме со истиот Изборен законик,  според којшто се спроведуваат овие претходни парламентарни, локални и претседателски избори“.

    Според него, Извештајот на ЕК е реален приказ на состојбите. Тој наброи дел од областите во кои, според тој Извештај се подобрени и за кои има пофалби, како самата Реформска агенда, надворешната политика, безбедносната политика, одбрана и соработката со ЕУ, дигиталната трансформација и повеќе услуги, електронски услуги за граѓаните, реформи во науката, истражувањето и иновациите.

    ,,Има одредени теми каде што има слабости. Една од тие теми е борбата против високата корупција и состојбите во правосудството, бидејќи имаме се уште низок процент на доверба и можеби послаба продуктивност. Тука би сакал да напоменам една работа. Прво, самиот правосуден систем не е систем на еден актер. Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам дека имаме донесено прилично добри закони, коишто ги подобруваат состојбите во правосудството. Владата исто гледам дека вложува напори на тоа поле. Но, би сакал да напоменам дека има некои актери, можеби се поединци во судството, коишто ги рушат овие постигнати стандарди“, вели Милошоски.

    Прочитај повеќе

    Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

    06.11.2026 во 19:43

    Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ

    06.11.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.