- ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена
- Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант
- Стојаноски: Создадени се 17.000 нови работни места, Македонија забрзува
- АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
- Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
- Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
- Поранешната министерка Мери Младеновска-Ѓорѓиевска одликувана со орден од италијанскиот претседател Матарела
- Најмасовна еко-акција во регионот: Собрани 684.777 килограми отпад
Author: Author 04
Од 1 до 28 декември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. -Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од…
Новогодишната ноќ во Македонија ќе помине во знак на ведро, но многу студено време, најавува метеорологот Славчо Попоски во својата најнова анализа. Според неговите предвидувања, територијата на земјата ќе биде под влијание на многу ладна и сува воздушна маса од север, што ќе услови температури под нулата во целата држава. Попоски истакнува дека врнежи од снег не се очекуваат, но граѓаните треба да се подготват за ниски температури кои ќе се движат од -10 до -3 степени. На повисоките места и на планините, термометарот може да се спушти и под -10 степени. Во Скопје и околината за време на најлудата…
Најмалку 16 лица го загубија животот во голем пожар што синоќа избувна во дом за стари лица во градот Манадо, во индонезиската провинција Северен Сулавеси. Според информациите од локалната полиција, пожарот настанал додека станарите спиеле во приземниот објект. Полициските власти потврдија дека 15 лица настрадале во огнената стихија, додека телото на уште една жртва било пронајдено незафатено од огнот. Во спасувачката акција, која траела повеќе од два часа, на пожарникарите им помагале и соседите, успевајќи да извлечат дел од корисниците на домот. Вкупно 15 преживеани лица се хоспитализирани во две болници во Манадо. Иако првичните претпоставки беа дека дефект на…
Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, се наведува во соопштението на СДСМ. „Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода. Нема…
По сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски дека поранешниот премиер гради 42-катница во Дубаи истото го потврдија и Венко Филипче и СДС, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „И СДС и Филипче потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, од каде и двајцата имаат златни визи, но велат дека Филипче не е партнер во овој милионски градежен зафат. Она што се јавува како дилема, и на што Филипче сè уште не дава одговори, е како и по кој основ ја стекнал златната виза за Дубаи? Некое време тврдеше дека со златната виза се стекнал поради преговори за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поводот за посетата е финализирањето на процесот за реконструкција на капацитетите и набавката на најсовремена медицинска опрема за потребите на оваа клиника. Како што информираат од владината прес-служба, по завршувањето на увидот во реконструираните делови, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Со овој проект се очекува значително подобрување на условите за лекување и грижа за пациентките, како и посовремени услови за работа на медицинскиот персонал.
ОвенДенот ви носи поддршка од некој близок, пријател или колега. Може да добиете совет, услуга или поттик што ја менува вашата перспектива. Венера во Јарец ве води кон практични решенија, а Месечината во Бик ви дава чувство на стабилност. Подоцна, ќе почувствувате потреба да се грижите за финансии или лична сигурност. Денес се градат цврсти основи. БикОвој ден е совршен за вас. Хармонијата меѓу Месечината и Венера ве прави магнетски топли, прифатливи и отворени. Може да добиете поддршка од партнер, колега или семејство, а и самите ќе сакате да помогнете. Кога Месечината целосно ќе влезе во вашиот знак, енергијата се…
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)
Во судницата во затворот „Идризово“, денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочаниската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено да сведочат законските застапници на оштетените во случајот, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, сопственик на соседен авто-лимарски сервис сведочеше за реновирањето на објектот и за случувањата ноќта на пожарот. Одбраната на еден од обвинетите, Александар Нацев, тврди дека тој не бил реален сопственик на фирмата „Рубикон“, ниту одговорно лице. Обвинителот Борче Јанев во воведните зборови истакна дека овој процес е чекор кон утврдување на личната и институционалната одговорност. „Не…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку населени места во општините Илинден и Карпош денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со струја. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во општина Илинден без струја ќе бидат: Прекин е најавен и за општина Карпош, каде во периодот од 11:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Љубљанска.
