Author: Author 04

Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје, 21-годишна жена од Скопје пријави дека околу 11:30 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 23-годишен брат, по што му возвратила. Подоцна, во 21:30 часот, 23-годишникот пријави дека по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 21-годишна сестра, по што ѝ возвратил. Извршен е службен разговор со 23-годишникот и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, З.К.(41) од Скопје пријави дека околу 10:30 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје ја пронашол почината неговата 46-годишна сестра З.К. од Скопје. По насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција.       

Повеќе

Утрово во 05:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(22) од Охрид,  изгубило контрола и излетало од патот.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид. При извршени проверки, било констатирано дека И.Р. го управува под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Повеќе

Потретседателката и пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница во образложението на Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, поднесен од пратеничката група на СДСМ, нагласи дека во ова време на криза најпотребни се таргетирани мерки за ранливите категории на граѓани. Тренчевска истакна дека целта на законското решение е директна помош за граѓаните кои најтешко се справуваат со последиците од кризата. „Кога цените растат секој ден, за некои граѓани тоа значи помалку заштеда или одложување на некои трошоци. Но за најранливите тоа значи дилема: дали ќе купат доволно храна, дали…

Повеќе

Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за локалната самоуправа, со кој се предвидува општините преку одлуки на своите совети да можат да ги ослободат родителите и старателите на деца со попреченост и аутизам од плаќање надоместок за користење на јавен простор за паркирање. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, рече дека целта на законското решение е да се создаде „унифицирана законска можност за сите општини во државата“ за олеснување на секојдневието на овие семејства. „Потребата од измена на Законот за локална самоуправа произлегува од реалните предизвици со кои се соочуваат семејствата на децата со попреченост…

Повеќе

Во рамки на работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со министерот за економија и иновации на Република Литванија, Едвинас Грикшас. На средбата беше истакнато дека дигитализацијата претставува еден од клучните двигатели на економскиот раст, зголемувањето на конкурентноста и модернизацијата на јавниот сектор. Во тој контекст, двајцата министри разговараа за литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартап-екосистемот, GovTech-решенијата и јавните политики, како важен модел за забрзување на дигиталната трансформација. „Дигиталната трансформација ја гледаме како основа за економски раст, поконкурентни компании и поефикасни институции. Литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартапите, GovTech-решенијата и јавните политики…

Повеќе

Денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит.Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. „Со предложените измени ќе се овозможи редовно и континуирано следење на здравствените потреби на овие лица, намалување на финансискиот товар врз семејствата и обезбедување правична и навремена здравствена услуга“, рече Лукаревска. Таа појасни дека целта на законските измени е унапредување…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката од 11.5.2026 година.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,846 ден/кг и сега ќе изнесува 50,814 ден/кг.Од 19.5.2026…

Повеќе

Управата за финансиска полиција утврди даночно затајување во износ од 7.426.323 денари, по што до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на добивка во износ од 7.200.200 денари и данок на личен доход од 226.123 денари. Според полициските наводи, управителите во 2020 година поднеле даночен биланс за утврдување на данокот…

Повеќе