Author: Author 04

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) вечерва предупредува на исклучително намалена видливост поради густа магла на неколку клучни патни правци. Најкритично е на превојот Плетвар и во Крушево, каде видливоста е само 30 метри, додека на потегот Маврово – Маврови Анови таа изнесува едвај 15 до 20 метри. Магла има и на планинските превои Стража и Ѓавато, каде видливоста е ограничена до 100 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без застои, но по претежно влажни коловози. Од АМСМ потсетуваат дека поседувањето зимска опрема во возилата е законски задолжително и апелираат на крајно внимателно возење низ клисурите поради зголемена опасност…

Повеќе

Две лица загинаа, а осум се повредени, меѓу кои и деветмесечно бебе, во денешниот руски напад врз Харков, објави шефот на Харковскиот регион Олег Синегубов. Синегубов рече дека руските сили го бомбардирале автопатот во Харков, објави УНИАН. Тој истакна дека во нападот се оштетени десетици станбени згради и приватни куќи, а дека се запалени автомобили. Ноќта помеѓу четврток и петок, руската војска започна масовен напад врз енергетската и пристанишната инфраструктура на Украина, оштетувајќи неколку бродови, вклучувајќи и странски.

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше по телефон со својот фински колега Александар Стаб, а фокусот на разговорот беа преговорите за прекин на војната што Русија ја води против Украина. Зеленски забележа значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, пишува Украинска правда. Зеленски во објава на социјалната мрежа X изјави дека тој и Стаб разговарале за контакт со партнерите во контекст на мировните разговори. „Тука во Украина, во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а од денес, нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Многу е постигнато…

Повеќе

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати итен апел до Собранието и Судскиот совет да се пополни испразнетото судиско место, предупредувајќи дека некомплетниот состав веќе предизвикува сериозни проблеми во одлучувањето. На годишната прес-конференција, тој откри дека од мај до денес, Судот има десетина предмети за кои не може да се донесе одлука поради немање мнозинство. Меѓу закочените предмети е и оној за пензиите, за кој Костадиновски појасни дека одлуката ќе биде донесена веднаш штом се избере деветтиот судија. Тој исто така упати остра порака до политичарите за поголема уставно-правна култура и воздржаност од етикетирања. За следната година, Костадиновски најави дека…

Повеќе

Познатата турска актерка Езги Ејубоглу, кај нас најпозната по улогата на Ајбиге во серијата „Сулејман Величествениот“ била уапсена. Во рамки на истрагата што ја спроведува Главното јавно обвинителство на Истанбул, бил издаден налог за апсење на актерката Езги Ејубоглу под обвинение за „купување, примање или поседување наркотични или стимулативни супстанции за употреба“ и „користење наркотични или стимулативни супстанции“. Истовремено, налог за апсење бил издаден и за осомничените Есер Кучукерол и Исмаил Ахмет Акчај под обвинение за „производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции“, за осомничените Јигит Мачит, Мехмет Али Гул, Гизем Тиреди и Мехмет Гучлу под обвинение за „поттикнување…

Повеќе

Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ замина на егзотично патување на Бали, придружувана од своите најблиски пријателки, меѓу кои и колешката Јована Пајиќ. Иако одморот требало да биде само релаксација и уживање во знаменитостите, една средба со локалните животни тргнала во неочекуван правец. Додека Марија се обидувала да направи интересна фотографија со мајмун, животното ненадејно ја каснало. Пејачката целиот настан го снимила и го сподели со своите следбеници, шегувајќи се на сопствена сметка и на сметка на „напаѓачот“. И покрај малиот инцидент, атмосферата на патувањето останала на високо ниво, а Марија продолжила да ги забавува фановите со кадри од преубавите плажи…

Повеќе

Минималната нето-плата во Турција од почетокот на следната година ќе изнесува 28.075 турски лири, односно околу 556 евра. Одлуката ја соопшти министерот за труд и социјална политика, Ведат Ишихан, по серијата преговори меѓу социјалните партнери што се одржаа во текот на декември. Ова претставува зголемување од 27 проценти во споредба со претходната година, мерка која директно ќе влијае врз животниот стандард на седум милиони вработени. За да се олесни товарот врз приватниот сектор, државата ќе ги субвенционира работодавците со 1.270 лири (25 евра) за секој работник на минималец. Дополнително, турските власти воведуваат и нова социјална мерка – можност за полудневно…

Повеќе

Западниот дел на италијанските Алпи неделава е под опсада на екстремно невреме, а во одредени предели висината на снежната покривка достигна неверојатни три метри. Најкритично е во Прато Невосо, на надморска височина над 1.600 метри, каде снежните наноси ги надминаа сите очекувања. Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот и безбедноста. Поради висок ризик од појава на лавини, тунелот Тенда, кој ја поврзува Италија со Франција, е целосно затворен за движење во двата правци. Покрај снегот на планините, пониските предели во областа Кунео беа погодени од силен дожд и снег кои дополнително ја отежнаа комуникацијата меѓу населените места. The insane…

Повеќе

Европската комисија подготвува нов пакет мерки кои би можеле значително да ги погодат сопствениците на постари возила, вклучително и оние со стандарди Евро 5 и Евро 6. Предлогот предвидува задолжителни годишни технички прегледи за сите автомобили и лесни комерцијални возила постари од десет години, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се намалат штетните емисии. Главната контроверзија произлегува од планот за ретроактивна примена на новите еколошки критериуми. Ова значи дека возилата регистрирани пред 2013 година (Евро 5б) и пред септември 2018 година (Евро 6в) би морале да поминат дополнителни тестови за емисии и честички кои не биле…

Повеќе

Многу жители на североисточна Словенија веќе поминаа две ноќи без електрична енергија. Иста е ситуацијата и во областа Халоже, изјави за 24ur еден локален жител, кој ја сумираше ситуацијата со зборовите: „Половина метар снег и два дена темнина“. Електро Марибор вечерта објави дека, иако успеале да им вратат струја на многу луѓе на Божиќ, некои домаќинства ќе останат без електрична енергија уште една ноќ. Според податоците на нивната веб-страница, речиси 1.900 корисници се уште се без струја. Во повисоките области на Халоже, прекините во електричната енергија траат втор ден по ред, за кои се вели дека се резултат на снегот…

Повеќе