- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре
Author: Author 04
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се спроведуваат согласно методологијата за пристапување кон ЕУ. „Не е точно и не е вистина дека со доаѓањето на оваа Влада е избришан инструментот балансер, вистината е дека Владата во која беше…
Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .По сведоштвото од страна на Томе Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, дека во Дубаи Заев гради 42катница, а дополнително со Филипче имаат станови во друг објект, од СДС молк на темата и крици на беспомошност, истакна Манасиевски.„ВМРО-ДПМНЕ долго време веќе говореше во јавноста дека Заев и Филипче имаат златни визи за Дубаи, а за истите и самите потврдија, но не кажаа на кој начин ги добиле. По се изгледа, стекнувањето на златна виза е поради влог во недвижности.Иако Филипче призна…
Вчера во 15:45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(37) од с.Клечовце, кумановско. Претходно, тој на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, со патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) од Скопје, со живеалиште во с.Љубодраг, кумановско, информираа од полицијата. По преземени мерки е констатирано дека Д.М. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,08 промили алкохол во крвта.
Џиновска елка во Нортамберленд, Велика Британија, официјално е запишана во Гинисовата книга на рекорди како највисоката жива новогодишна елка во светот. Со импресивна висина од 44,7 метри, ова дрво е засадено уште во далечната 1860 година, а денес е двојно повисоко од познатата статуа „Ангел на Северот“. За да го заслужи овој престижен статус, елката морала да биде комплетно украсена. Тимот од имотот Крегсајд потрошил два дена за поставување на повеќе од 1.300 светилки и две џиновски виолетови машни. „Секое светло е внимателно проверено и прицврстено вертикално за да се избегне притисок врз дрвото“, објаснија од Националниот фонд. Иако ова…
Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својот воведен збор, обвинетиот Александар Нацев ги отфрли сите обвиненија, нагласувајќи дека девет месеци бил жртва на јавен линч и дека обвинението претставува „брутално силување“ на законите. Одбраната на Нацев тврди дека во текот на постапката ќе докаже оти тој не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, туку само вработен како консултант поради неговата експертиза во безбедноста. „Морам да констатирам дека дури и Џорџ Орвел би можел да позавиди на ваквата конструкција. Со непобитни докази ќе го укажеме отсуството…
Силна експлозија одекна во текот на ноќта пред филијала на банка во солунската населба Евсомос, предизвикувајќи значителна материјална штета на околните објекти и возила. Во инцидентот нема повредени лица, а според првичните информации, на детонацијата не ѝ претходел никаков предупредувачки повик или известување. Експлозијата била толку силна што се слушнала во радиус од над еден километар. Најмалку седум паркирани автомобили во непосредна близина претрпеле сериозни оштетувања, а искршени се и стакла на околните деловни и станбени објекти. Грчката полиција и специјалниот оддел за деактивирање на експлозивни направи се на терен и вршат увид. Истрагата е во тек и треба да…
Демократската унија за интеграција изразува длабока огорченост и сериозна загриженост поради скандалозниот и политички неприфатлив потег на министерот Иван Стоилковиќ, кој отпушти седум вработени Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците – институција од клучно значење за спроведување на Охридскиот договор и за гарантирање на меѓуетничката еднаквост во државата. „Оваа одлука претставува директен удар врз принципите на еднаквост, соживот и правична застапеност и не може да се оправда со невистинити и навредливи изговори за јавноста, како што е тврдењето за таканаречена „дисциплинска мерка“. Во услови кога на вработените им се ускратени најосновните услови за работа – функционални канцеларии, столчиња, техничка…
Советот на Општина Центар на 3. Седница едногласно го усвои Буџетот за 2026 година. Проектираниот основен буџет на Општина Центар за наредната година изнесува 1.217.450.000 денари и претставува највисок буџет досега. Од вкупниот износ, 527.230.000 денари, односно 43 проценти, се наменети за капитални инвестиции, додека 690.220.000 денари, односно 57 проценти, се планирани за тековни оперативни расходи. Буџетот е реален и транспарентен, со фокус на реализирање на проектите зацртани во програмата за вториот мандат на градоначалникот Горан Герасимовски. „Секој денар е насочен кон проекти што носат подобри услови за живот, поквалитетно образование, повеќе грижа за најмладите и повозрасните и уреден јавен…
Вчера со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. Имено, во текот на ноќта 24/25.12.2025, по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во…
Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот!, напиша на Фејсбук профилот градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денес го носиме Буџетот за Град Скопје за 2026 година, истакна Ѓорѓиевски. „Но мора отворено да зборуваме и за реалноста што ја наследивме, еден од најкатастрофалните квартални извештаи во историјата на градот, од времето на Петре Шилегов и Данела Арсовска. За девет месеци се реализирани приходи од 2.856.417.717 денари, што значи просек од само 317.379.746 денари месечно. И во претходните години состојбата била слична, а често и полоша. За споредба, за само 40 дена реализиравме приходи од…
