Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила во Грција од 18 јуни: Спремајте 30 евра доколку немате нов комплет за прва помош

    Нови правила во Грција од 18 јуни: Спремајте 30 евра доколку немате нов комплет за прва помош

    18.05.2026 во 09:391 Min Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ упати важно известување до своите членки и до сите возачи дека Грција воведува нови, построги правила за задолжителната опрема во возилата кои стапуваат на сила од 18 јуни 2026 година.

    Според новите прописи, сите возила кои влегуваат во Грција мора да носат нов, пообемен комплет за прва помош кој содржи 16 специфични предмети.

    Меѓу новите задолжителни елементи во кутијата се наоѓаат специјализирано изотермално спасувачко ќебе, како и посебни облоги за изгореници.

    Од асоцијацијата потенцираат дека сопствениците или возачите на возилата, поради посебните услови за одржување, имаат одговорност редовно да ја проверуваат валидноста на секој предмет во кутијата и навремено да ги обновуваат, особено во летниот период.

    Дополнително, медицинските и фармацевтските материјали кои се наоѓаат во комплетот мора да бидат во рамките на рокот на траење, да бидат во добра состојба и задолжително да ја поседуваат ознаката (CE), во согласност со Регулативата на ЕУ за медицински помагала.

    Патните контроли во Грција строго ќе го проверуваат поседувањето на оваа опрема. Доколку при контрола се констатира дека возилото го нема потребниот нов комплет за прва помош, сообраќајната полиција ќе изрекува парична казна во износ од 30 евра.

    Прочитај повеќе

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:15

    Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството

    06.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.