Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

    Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

    18.05.2026 во 12:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница.

    Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.

    Министерот потсети дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано сомневање дека е стекнат од незаконски извори, независно од исходот на кривичната постапка.

    „Низ анализата на постојните законски одредби и консултациите со стручната и академската јавност, институциите и меѓународните партнери, беа утврдени потреби за попрецизно и појасно уредување на повеќе прашања, со цел создавање функционален и правно одржлив систем“, истакна министерот Филков.

    Тој нагласи дека новиот Предлог-закон предвидува прецизирање на условите за поведување на постапката, јасно дефинирање на надлежностите на институциите, воспоставување механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност помеѓу имотот и законските приходи, уредување на мерките за обезбедување на имотот, како и заштита на правата на засегнатите и совесните лица.

    Законското решение се темели врз начелата на законитост, пропорционалност, непристрасност, доверливост, транспарентност и итност, при што неговата цел не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со незаконски стекнат имот.

    Министерството за правда останува посветено на креирање законски решенија кои ќе овозможат ефикасна борба против незаконското богатење, корупцијата и организираниот криминал, како и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите и правдата.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.