Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

    06.11.2026 во 22:20

    Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади

    06.11.2026 во 22:05

    Путин потврди: Москва, Киев и Вашингтон седнуваат на маса

    06.11.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото
    • Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади
    • Путин потврди: Москва, Киев и Вашингтон седнуваат на маса
    • Јазик ѝ се врза: Меланија Трамп исмеана на социјалните мрежи поради говор во Белата куќа
    • Калас: Путин нема право на вето врз прашањата за европската безбедност
    • Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик
    • Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони
    • Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

    Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

    06.11.2026 во 22:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Дневникот на Алсат телевизија се осврна на состојбата со правосудниот систем во земјава, а го посочи Врховниот суд како битен актер како и случаите кои се од висок јавен интерес.

    „Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога има и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам дека имаме донесено прилично добри закони, коишто ги подобруваат состојбите во правосудството. Владата исто гледам дека вложува напори на тоа поле. Но, би сакал да напоменам дека има некои актери, можеби се поединци во судството, коишто ги рушат овие постигнати стандарди“, рече Милошоски.

    Тој го наведе Врховниот суд како битен актер, за што истакна дека можеби треба да се преиспита начинот на кој одредени судии судат.

    ,,Имате  два случаи од висок јавен интерес, како случајот ,,Ласкарци” и ,,Дурмо турсʼʼ, вториот случај е за “Модуларна болница”. Во овие два случаи и извршната власт, и МВР, и обвинителството и многу други чинители вложиле многу труд да обезбедат докази затоа што се сериозни пропусти со трагичен настан и на крајот за Врховниот  суд којшто е управуван од претседателот Фидани одлучува овие случаи да ги укине овие пресуди и да ги врати на Апелација на повторно судење , односно на основен суд. Затоа, според мене, освен одговорноста на еден пратеник, на еден министер,  премиер или градоначалник за правосудните состојби треба јавноста да побара одговорност и од одредени судии. Ако можат премиерот, министерот Тошковски, министерот Шасивари да даваат одговори, транспарентно, за состојбата во правосудството пред јавноста, тогаш може и претседателот на Врховниот суд да даде одговори за тоа дали владеењето на правото е начелниот принцип по којшто работи.
    Ние како Собрание сме донеле многу закони  и за Судски совет и за јавнообвинителска служба и за судска служба коишто се на барање и во полза и на судството и на обвинителство.  Но ние како Собрание, не можеме да бидеме судии  и  кај предметите од висок јавен интерес некои судии треба да преиспитаат дали судат според закон или судат според некаква материјална, лична или политичка блискост кон некоја странка”, вели Милошоски.

    Прочитај повеќе

    Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик

    06.11.2026 во 20:40

    Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    06.11.2026 во 20:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.