Close Menu
Press24
    Најново

    Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик

    06.11.2026 во 20:40

    Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    06.11.2026 во 20:24

    Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

    06.11.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик
    • Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони
    • Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола
    • Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем
    • Почина американскиот милијардер и филантроп Дејвид Рокфелер
    • Во понеделник без вода делови од скопска општина
    • За седум часа, санкционирани 43 возачи на камиони во Скопје
    • Зеленски бара двопартиска поддршка од САД: Итно потребни се нови ракети за „Патриот“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик

    Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик

    06.11.2026 во 20:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија порача дека ЗНАМ нема да отстапи од ставот дека правосудниот испит се полага само на македонски јазик, ниту ќе прифати Македонија повторно да прави отстапки во однос на уставните измени.

    За овие прашања нема политички пазарења, нема импровизации и нема отстапување од државните интереси. Во однос на правосудниот испит, Димитриевски беше дециден за црвените линии на ЗНАМ, бидејќи станува збор за прашање што ги надминува дневнополитичките интереси и директно го засега функционирањето на правосудниот систем и уставниот поредок на државата.
    „Премиерот апсолутно го знае нашиот став. Подготвени сме за разговори, но ќе побарам лидерска средба со владините партнери за отворено да ги дефинираме црвените линии. Ова не е прашање за дневнополитичко надмудрување, туку прашање за иднината на државата и правосудниот систем. За ЗНАМ тука нема простор за импровизации и политички пазарења. Правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик.“ истакна Димитриевски.

    Говорејќи за уставните измени и европската интеграција, тој нагласи дека ЗНАМ не отстапува од својот предлог за одложено дејство на уставните амандмани, и дека Македонија не може постојано да прави отстапки без реципроцитет. Европската перспектива не смее да биде оправдување за еднострани отстапки на сметка на македонскиот јазик, идентитет и достоинство.

    „Ставот на ЗНАМ е јасен. Предлогот за одложено дејство на уставните амандмани е на маса, но не може Македонија постојано да прави отстапки, а од другата страна да нема ниту еден чекор кон почитување на правата на Македонците. Постојат пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Нека испочитуваат барем една од нив. Доста е Македонија да биде единствената страна од која постојано се бара да попушта. Ако сакаме да одиме напред, мора да има реципроцитет!“ порача Димитриевски.

    Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува доследно на своите принципи и на одговорноста кон граѓаните и државата. Нашата европска иднина не смее да се гради врз уцени, двојни стандарди и постојано поместување на црвените линии. Македонија сака да биде дел од Европската Унија, но како достоинствена држава, со заштитен македонски јазик, идентитет и уставен поредок. За ЗНАМ, државните интереси не се предмет на компромис, туку обврска што мора да се брани!

    Прочитај повеќе

    Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони

    06.11.2026 во 20:24

    Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

    06.11.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.