Close Menu
Press24
    Најново

    ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина

    06.11.2026 во 22:44

    Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

    06.11.2026 во 22:20

    Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади

    06.11.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина
    • Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото
    • Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади
    • Путин потврди: Москва, Киев и Вашингтон седнуваат на маса
    • Јазик ѝ се врза: Меланија Трамп исмеана на социјалните мрежи поради говор во Белата куќа
    • Калас: Путин нема право на вето врз прашањата за европската безбедност
    • Максим Димитриевски за Сител: Нема пазарење со македонскиот јазик
    • Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина

    ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа за постигнување праведен и траен мир во Украина

    06.11.2026 во 22:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија и НАТО повторија дека претстои уште многу работа пред да се постигне праведен и траен мир во Украина.

    – Сите посакуваме наскоро да биде постигнат мировен договор, но претстои уште многу работа за да се стигне до тоа – предупреди портпаролката на Европската комиси комисија Паула Пињо во пресрет на средбата меѓу Москва и Киев, која со посредство на САД треба да се одржи следната недела во Абу Даби.

    Преговорите меѓу руската и украинската страна се закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, со цел да се изнајде решение за конфликтот.

    Вчера во Брисел се одржаа разговори меѓу претставници на НАТО, САД, Украина, Европската Унија и неколку европски земји, кои „имаа цел да придонесат за постигнување праведен и траен крај на војната во Украина“, изјави портпаролката на НАТО Алисон Харт.

    Во овој контекст, американскиот претседател Доналд Трамп најави склучување претстоен „многу голем“ договор со Русија за Украина, додавајќи дека тој „би можел да ја опфати цела Европа“.

    – Се подразбира дека Европската Унија е таа што треба да носи одлуки за прашањата што се однесуваат на нејзината сопствена безбедност – нагласи портпаролката на Европската комисија.

    Зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, во својство на специјален пратеник, во објава на социјалната мрежа Икс појасни дека целта е да се постигне „поширока европска безбедносна архитектура, која би можела да помогне во создавањето услови за траен мир“.

    Терминот „европска безбедносна архитектура“ со години е една од клучните теми во реториката на Кремљ.

    Кушнер сепак изјави дека НАТО ќе остане „во основата на европската колективна одбрана“. Тој увери дека иницијативата предложена од претседателот Трамп ќе се темели на постојните институции и преземени обврски.

    „Нашата цел е да воспоставиме конкретни механизми што ќе одговорат на безбедносните загрижености на сите страни, ќе го намалат ризикот од идни конфликти и ќе создадат постабилна и попредвидлива безбедносна средина“, заклучи Кушнер

    Прочитај повеќе

    Ирска со тревога: Серијата лажни дојави за бомби низ Европа се координирани напади

    06.11.2026 во 22:05

    Путин потврди: Москва, Киев и Вашингтон седнуваат на маса

    06.11.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.