Author: Author 04

Две години нема зголемување на платите во Армијата. Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту за војниците, ниту за кој било друг работник во државата, велат од СДСМ. „Владата на Мицкоски нема пари за луѓето, има пари сaмо за криминални тендери и сомнителни зделки. 161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините на ВМРО, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта. Само за ова има пари владата на Мицкоски. За разлика од оваа криминална власт, во времето на СДСМ платите растеа во сите сектори. Седум години по ред платите континуирано се…

Повеќе

Поради планирани технички интервенции во електросистемот, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека денеска без струја ќе бидат корисници во следните реони:

Повеќе

Денееска сончево време со мала до умерена облачност. Според метеоролозите, во утринските часови по одделни котлини е можна појава на магла, а во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -6 до максимални 13 степени. Во Скопје се очекува слично време, тивко и сончево, со температура до 9 степени. Од УХМР најавуваат промена веќе од утре: „Викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.“ Дневните температури ќе бидат во опаѓање, додека стабилизација и…

Повеќе

Министерството за одбрана (МО) денеска излезе со детални информации за примањата во Армијата, по прес-конференцијата на Независниот синдикат на одбраната (НСО). Од Министерството нагласуваат дека се отворени за дијалог, но и дека во моментов навремено се исплаќаат сите надоместоци кои претходно доцнеле со години. Според податоците на МО, просечната основна плата на еден професионален војник изнесува 35.700 денари, додека на полковник е околу 70.200 денари. На овие суми се додаваат дополнителни 23.000 денари за закупнина, храна и превоз, како и додатоци за дежурства и ноќна работа. „Само во последната година и половина исплативме 107 милиони денари за прекувремена работа која…

Повеќе

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Според мониторингот на Агенцијата, прекршувања се констатирани кај: Медиумите се товарат за прекршување на членот 76-б од Изборниот законик, кој строго забранува емитување информации, фотографии или аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборите кои можат да влијаат врз одлуката на гласачите.

Повеќе

Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации кои ги пренесе Нетпресс, во досегашниот тек на акцијата се лишени од слобода над 10 лица, сите осомничени за организирано затајување данок и даночна измама од огромни размери. Дел од осомничените се вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), кои наводно ја злоупотребиле службената положба за да овозможат нелегални поврат на ДДВ и други даночни малверзации. Од ОЈО ГОКК соопштија дека истражителите, со асистенција на МВР, продолжуваат со претреси на повеќе локации. Акцијата е резултат на долготрајна истрага за финансиски…

Повеќе

Поранешниот висок функционер Андреј Жерновски преку социјалните мрежи упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, по веста дека САД ја суспендираат обработката на имигрантски визи за македонските граѓани. Според Жерновски, оваа одлука на Вашингтон е директен демант на наводните „специјални односи“ на власта со администрацијата на Трамп.„НЕМА ВИЗА НИ ЗА ПЕРИМЕТАРОТ Браво за Мицкоски! Конечно најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи. Не со подобри плати, не со квалитетно образование, не со сигурни институции, туку со меѓународни рестрикции. Од една страна, владата зборува дека ќе направи сè младите да…

Повеќе

Вистинска драма се случувала на летот TK1853 на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Барселона, откако авионот морал итно да слета поради закана за бомба. Како што соопштија од авиокомпанијата, причината за паниката била бизарна – еден од патниците го сменил името на својот „hotspot“ (интернет точка) на мобилниот телефон во порака која содржела закана за експлозивна направа. Веднаш по откривањето на спорното име на мрежата, биле активирани сите безбедносни протоколи. По слетувањето на аеродромот „Ел Прат“, авионот бил изолиран, а шпанските безбедносни служби извршиле детален преглед. Директорот за комуникации на турската компанија, Јахја Устун, потврди дека процедурите се спроведени според…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(18) од Охрид и 16-годишен малолетник од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 24.04.2025 во с.Мислешево, струшко, полициски службеници забележале патничко возило „застава“ без регистарски ознаки, управувано од првопријавениот, кое било натоварено со огревно дрво. Притоа, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. 

Повеќе

Од попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Повеќе информации ќе има во текот на денот, соопшти ОЈО за ГОКК.

Повеќе