Close Menu
Press24
    Најново

    Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години

    09.07.2026 во 23:40

    Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 

    09.07.2026 во 23:21

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години
    • Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 
    • Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух
    • Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс, осудениот ќе плати 1.800 евра

    Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс, осудениот ќе плати 1.800 евра

    26.05.2026 во 16:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за убиството на кучето Феликс и наместо три месеци затвор, на осудениот Љубе Крстевски му изрече парична казна.

    Настанот се случи на 7 јануари 2025 година кога кучето почина како последица од нанесени повреди, по што Основниот кривичен суд пред десет месеци ја изрече првата затворска казна за ваков вид кривично дело во Македонија.

    Според новата пресуда донесена на 17 февруари годинава, во која увид имал „Слободен печат“, Апелација ја прифатила жалбата на Крстевски за кривичното дело убивање и мачење животни.

    Со оваа одлука, затворската казна е заменета со 90 дневни глоби од по 20 евра, односно вкупно 1.800 евра или 110.700 денари, објави 4news.mk. Во истиот случај, второобвинетиот Билбиловски претходно доби парична казна од 100 дневни глоби.

    Во жалбата до второстепениот суд, одбраната на Крстевски тврдела дека кучето било агресивно во кругот на објектот, приложувајќи видеоснимки, фотографии и медицински белешки, со барање затворската казна да се замени со условна или парична. Од друга страна, Вишото јавно обвинителство побарало потврда на затворот.

    Апелацискиот суд не ги прифатил тврдењата на одбраната дека животното било опасно, посочувајќи дека кучето тежело околу 15 килограми и им пристапувало на луѓето без да ги напаѓа.

    Судот во образложението оценил дека природното однесување на животното во кругот на објектот не може да биде оправдување за нанесување удари, како и дека доколку кучето навистина било опасно, случајот требало да биде пријавен кај надлежните институции.

    Прочитај повеќе

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40

    Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

    09.07.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.