- Камион и автомобил се судрија на обиколница, мотор и кола во Аеродром – Две несреќи во Скопје
- Сали по дебатата во ЕП: Пораките од Брисел се силна потврда за нашата европска перспектива
- 150 ученици од Новаци бесплатно летуваат во хотел „Молика“ на Пелистер
- ФСБ уапси три лица: Спречени терористички напади во три руски региони, запленет странски експлозив
- ВИДЕО: Прослава за 36 години ВМРО-ДПМНЕ – Голем народен собир во Струмица
- Тешко повредени двајца работници по експлозија на боци со кислород – Несреќа при работа во Хрватска
- Трагедија во Младеновац: Автобуска постојка падна врз 12-годишно момче, лекарите се борат за неговиот живот
- Силно невреме и се заканува на Хрватска – Дожд во цел регион, невреме и во Македонија
Author: Author 04
Општина Гази Баба продолжува со силната офанзива за воведување ред во градежништвото. Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека во населбата Јурумлери на улица „9“ е отстранета дивоградба по претходно донесено решение од страна на општинскиот инспекторат. Овојпат, сопственикот на објектот постапил по наредбата на инспекцијата и самиот ја отстранил дивоградбата, избегнувајќи присилна интервенција. „Ставаме ред и почитување на Законот за градење. Инспекциските служби континуирано се на терен и постапуваат таму каде што има неправилности. Нема да дозволиме диво градење и непочитување на прописите“, дециден е Стефковски.
В во 20:20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.А.(30), С.Ш.(30), Р.К.(21), 16-годишник, сите од Скопје и М.Ј.(20) од Италија затоа што, по претходно недоразбирање во сообраќајот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.А.(51) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 63-годишна партнерка, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 16:55 часот во СВР Скопје, Н.Р.(58) од Скопје, возач во ЈСП Скопје, пријави дека откако застанал во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, во автобус, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари. Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник. Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност.Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Меѓународната вселенска станица (МВС) за првпат во својата историја од 1998 година стана место на итна медицинска евакуација. Четворица астронаути ја напуштија станицата еден месец порано од предвиденото, по налог на НАСА, поради ненадејни здравствени проблеми на еден од членовите на екипажот. НАСА не го соопшти идентитетот на заболениот астронаут ниту неговата дијагноза, но потврди дека неговата состојба е стабилна и дека враќањето на Земјата е неопходно. „Мисијата е скратена поради медицинска состојба. Астронаутите треба да слетаат во морето покрај брегот на Калифорнија“, информираат од американската вселенска агенција. Командата на станицата е предадена на рускиот космонаут Сергеј Куд-Сверчков, кој останува…
Директорката на Општата болница во Кавадарци, д-р Гордана Ѓорчева-Камчева, денеска излезе со официјални детали за смртта на двомесечното бебе, која ја потресе јавноста. Доенчето У.М. било хоспитализирано на 12 јануари поради обилно повраќање по хранење, но првичните анализи не покажувале сериозни отстапувања. „Во текот на деновите кога беше на нашиот оддел, детето беше со уредни параметри и лабораториски анализи, без повраќање“, појасни директорката. Сепак, вчера настанал драматичен пресврт. По итен повик од мајката дека бебето престанало да дише, дежурните екипи веднаш пристапиле кон спасување. Реанимацијата траела 35 минути со учество на педијатар и анестезиолог, но обидите биле неуспешни. Телото е…
Економската соработка меѓу Македонија и САД е во континуиран пораст и тоа се должи на спроведување на реформите кои влијаат врз довербата на граѓаните и инвеститорите, заклучија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер на денешната средба во Министерството за транспорт. Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка, истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрување на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата. На средбата се разговараше за реализација на проектите на Коридорите 8 и 10, како и 10-д,…
