- ВРЕДИ: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски
- Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
- ФОТО: Ова е Сара која загина седум дена пред свадбата – Од прослава во Грција, замина во смрт, трагедија во регионот
- Дневен хороскоп: Овеното ќе добие неочекувана покана, Јарецот да внимава на финансиите
- СДСМ до ЗНАМ: Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“
- Го признал делото – Кривична за скопјанецот кој ги запали возилата на Бугарската Амбасада
- Топло уште во осум часот – УХМР најавува топол ден, но и силно невреме
- Трагедија во регионот: Гром усмрти маж пред прагот на куќата – Невреме доаѓа и кон Македонија
Author: Author 04
Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во синоќешната емисија Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за лидерската средба која се одржа вчера, и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДС, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што кажа тој, местото на лидерот на опозициска СДС беше исто така на таа маса, затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДС е сериозна партија, според него, нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика. ,,Мене ми е драго што денес…
Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не е се прашања за политички пазар. Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ. „Укинувањето може да се случи во оној момент кога општеството ќе биде спремно а за тоа се неопходни реформи по европски стандарди особено во делот на правосудството. Кога ќе бидат применети сите реформски закони кои се дел препораките на ЕУ и оценската мисија, во сферата на правосудството, обвинителството, полиција, правото и правната држава, во тој момент ние како држава ќе бидеме спремни да може да се укине техничката влада. Тоа е клучно. Дотогаш техничката влада мора да остане.Затоа…
Денешниот ден носи специфична енергија која ги поттикнува знаците на промени, но без губење на стабилноста. Прочитајте ги деталните прогнози за сите 12 хороскопски знаци. Овен Фокусирани сте на долгорочни резултати, особено во кариерата. Малку поинаков пристап може да ви донесе поголема слобода, а денот е поволен за важни професионални разговори. БикУспешно се ослободувате од старите ограничувања. Отвореноста кон неконвенционални идеи ви носи чувство на раст без да преземате непотребни ризици. Близнаци Во преден план се посветеноста и довербата. Денес ќе увидите дека стабилноста не значи стагнација, туку паметно прилагодување кон новите ситуации. Рак Вашите односи добиваат сериозен тон. „Денес…
Соединетите Американски Држави донесоа радикална одлука за привремено стопирање на издавањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, меѓу кои се наоѓа и Македонија. Стејт департментот соопшти дека мерката стапува на сила од 21 јануари и ќе важи на неопределено време. Како причина за ваквиот чекор се наведува пошироката ревизија на процедурите со кои се проверува дали апликантите за иселенички визи би можеле да станат „јавен товар“, односно да зависат од американскиот систем за социјална помош. „Издавањето на иселеничките визи за овие држави ќе биде запрено почнувајќи од 21 јануари, како дел од пошироката ревизија на процедурите поврзани со проценката…
Поради планирани технички зафати во електросистемот, делови од неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според најавите, без струја ќе бидат следните локации:
Набиена агенда во Собранието: Четири комисии ќе расправаат за нови закони, заеми и социјални реформи
Собраниските активности денеска продолжуваат со заседанија на четири клучни тела. Пратениците ќе дебатираат за серија законски измени кои опфаќаат области од економијата, социјалната политика и финансиите. Најголем дел од вниманието е насочено кон Комисијата за финансирање и буџет, каде на дневен ред е задолжувањето кај Банката за развој при Советот на Европа. Станува збор за дополнително финансирање на проектот за изградба на училишни фискултурни сали, како и разгледување на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2026 година. Во меѓувреме, Комисијата за социјална политика ќе ги разгледува измените во Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и реформите…
Македонија денеска ја очекува сончево време со мала локална облачност, по изразено студеното утро во кое температурите паднаа до -6 степени. Синоптичарите најавуваат слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Љубителите на снегот утрово добија информации за состојбата на планините: Утринскиот мраз беше најсилен во Берово (-6), Струмица и Демир Капија (-5), додека во главниот град Скопје температурите се движеа меѓу -2 и -5 степени во зависност од мерната станица. Во текот на денот се очекува затоплување, со максимални температури кои ќе достигнат 14 степени во најтоплите делови од земјата. Во Скопје времето ќе остане сончево и главно…
Грчкиот министер за заштита на граѓаните, Михалис Хрисохоидис, упати јасно предупредување дека Владата повеќе нема да дозволи блокирање на царинските служби на граничните премини. Во изјава за грчките медиуми, тој нагласи дека блокадите на земјоделците предизвикуваат сериозни последици по државната економија. Хрисохоидис истакна дека државата покажала голема толеранција во изминатите 40 дена, но дека ситуацијата со стотиците илјади тони производи кои не можат да поминат е неодржлива. „Нема шанси повторно да се затвори царинска служба и тоа го нагласувам јасно. Тоа се влезовите на земјата, имаме огромни проблеми, нè пријавуваат другите земји во Европската Унија, но не е само тоа,…
На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 75-годишна пациентка како последица на компликации од грип. Според информациите од клиниката, жената имала повеќе хронични заболувања и не била вакцинирана против сезонски грип. Директорот на Клиниката за инфективни болести, д-р Фадил Цана, потврди дека кај пациентката била дијагностицирана инфлуенца А. „Се работи за возрасна пациентка на 75 години кај која лабораториски е потвдена инфлуенца А и пациентката имала многу коморбидитети“, изјави д-р Цана. Состојбата на клиниката останува сериозна, каде уште двајца други пациенти се наоѓаат во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење, додека неколкумина се на кислородна поддршка.…
Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, преку статус на социјалните мрежи информираше дека донел лична одлука да го одмрзне своето членство во матичната партија СДСМ.По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, истакна Костадинов. „Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно. Единството бара…
