Author: Author 04

Вчера во 21:00 часот во с.Крушопек, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Д.(30), А.Д.(36), Б.Д.(65) и Н.Д.(42), сите од с.Крушопек, постапувајќи по претходна пријава дека во двор од магацин во с.Лака, скопско, физички ги нападнале М.Н.(50) од с.Крушопек, неговиот брат и неговиот син, при што употребиле и остри предмети. Според пријавеното, М.Н., неговиот брат и неговиот син возвратиле на нападот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(56) затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(56) од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, информираше дека енергетскиот систем во државата е релативно стабилизиран по неодамнешните проблеми. Сепак, поради сериозноста на состојбата на терен, вонредната состојба останува на сила во осум локални самоуправи. Вонредни мерки сè уште се применуваат во: Дачиќ појасни дека во Пријепоље и Лозница состојбата е доволно подобрена за да се укине вонредната состојба. За да се одржи функционалноста на системот и граѓаните да имаат електрична енергија, државата обезбедила 19 агрегатори со голема моќност кои се распоредени во најкритичните точки.

Повеќе

Иран испрати остра и директна порака до своите соседи, предупредувајќи ги дека американските воени бази на нивна територија ќе станат легитимни цели доколку САД извршат напад врз иранска територија. Како што пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel), Техеран веќе ги известил Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Турција за овие планови. „Техеран јасно им стави до знаење на земјите во регионот дека американското воено присуство кај нив ќе биде цел на напад доколку Вашингтон нè нападне. Бараме од овие држави да влијаат врз САД за да се спречи воена ескалација“, изјавил висок ирански дипломат. Оваа закана доаѓа во…

Повеќе

На 59-годишна возраст почина Марк Брновиќ, поранешниот државен обвинител на Аризона и истакната фигура во американскиот правосуден систем. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство, кое изрази длабока тага за загубата на, како што велат, грижливиот татко, сопруг и застапник за правдата. Брновиќ е роден во Детроит во 1966 година во семејство на српски доселеници од поранешна Југославија (татко од Црна Гора и мајка од Сплит). Во јавноста беше препознаен како 26-ти државен обвинител на Аризона, а неговото име стана актуелно и во регионот кога Доналд Трамп минатата година го номинираше за амбасадор на САД во Србија. Номинацијата подоцна…

Повеќе

Вчера во 19:20 часот е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. – Лекар констатирал смрт, додека со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, при обид да го изгаси огнот. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, истакнува Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот, Сашко Лафчиски остварија проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер на која присуствуваше и одбранбеното аташе, Даниел Скваерс. За време на средбата министерот Мисајловски истакна дека во изминатиов период соработката со амбасадорката Агелер и амбасадата на САД беше на одлично ниво, благодарение на кое стратешкото партнерство кое го имаат нашите две земји во континуитет се унапредува. По повод завршување на мандатот на амбасадорката Агелер, Мисајловски изрази благодарност за нејзината професионална поддршка, искрена посветеност и личен ангажман што придонесе за…

Повеќе

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објави нови детали за скандалот со фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, која од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ добила 51 тендер во вредност од 16 милиони евра. Петар Огњеновиќ, член на ИО на СДСМ, на прес-конференција го откри идентитетот на сопственикот и неговата директна партиска поврзаност. „Станува збор за извесен Петар Доновски, кој бил член на Избирачки одбор на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром. Само од оваа општина, неговата омилена фирма добила 22 тендери. Дали сега е јасно зошто постои политичко влијание врз доделувањето на државните пари?“, запраша Огњеновиќ. Од СДСМ потенцираат дека овој случај е…

Повеќе

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска на прес-конференција ја оцени аукцијата за 10-тата еврообврзница како исклучително успешна, истакнувајќи дека државата ги обезбедила меѓу најповолните каматни услови во регионот. Според неа, ова е јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во македонската економија. Задолжувањето од една милијарда евра е поделено во две транши: „Каматните маргини во однос на Еурибор се најтесни во изминатите две децении. Ова е најконкурентната цена на задолжување што државата ја постигнала досега“, истакна министерката. Таа додаде дека по повеќе од дваесет години, државата успеала да пласира осумгодишна еврообврзница, што е потврда за долгорочната стабилност. Средствата се…

Повеќе